Фатон Алити од ПДП, на дебатата „Плурализмот и политичката криза“, организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 2 февруари, изјави дека пржинскиот договор ќе обезбеди минимум услови за фер и демократски избори, но тие нема да значат победа за никого.
На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=xzBPvfIXJPE[/youtube]