• Latest

Македонија – земја на чудата: Избирачки список за „Гинис“

March 15, 2016
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија – земја на чудата: Избирачки список за „Гинис“

March 15, 2016 14:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што наближува договорениот втор термин за вонредни избори на 5 јуни, кои би биле излез од политичката криза со невидени размери во кои се наоѓа Македонија, во Прилеп расте недовербата кон изборниот процес.Граѓаните не ги кријат сомнежите за реализација на демократски, фер и регуларни избори. Секоја новооткриена аномалија во единствениот Избирачки список им предизвикува згрозеност, зашто, како што велат дел од нашите соговорници, досега тие не биле ни свесни дека во својот дом имаат фантомски состанари.

Ѕвезда Огненоска која со години живее сама на улицата „Кузман Јосифоски-Питу“, број 250 во Прилеп, е една од нив. Во единствениот Избирачки список на нејзината адреса е запишан уште еден граѓанин, С. К. За неа е несфатливо како може да биде запишан друг гласач на истата адреса.  И таа, и нејзините блиски роднини реагираат и бараат да се изврши итна корекција во Избирачкиот список. И во куќата до нејзината, со број 248, тврдат дека соседите се одамна иселени во Скопје. Но, според Избирачкиот список овде се евидентирани двајца жители за кои никогаш не чуле: В. К. и Д. К.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=Ouwy1Nm99c8[/youtube]

Интересен е и случајот во зградата на „Кеј 4-ти Јули“ или по ново – „Наум Наумоски–Борче“ во Прилеп, каде има 30 станови, просечно со по 4 станари. Во единствениот Избирачки список станарите се запишани на бројни адреси во долгиот список на двете улици, со низа непостоечки нумерации, па тешко е да се пронајдат во списокот.

Методија и Ристана Талески, на пример, реагираат, затоа што за нив е несфатливо како може, петте членови да бидат евидентирани на различни адреси, а двајца други сосем непознати, извесни Љ.К. и В. К, да имаат иста адреса како нивната, на улицата „Кеј 4-ти Јули“ 0023

Избирачки список

Има и случај на евидентирана гласачка со исто име и презиме, како авторката на текстот, која живее во истатата  зграда, но во влез и стан што не постои.

Избирачки список

Извесни С. Г. и Н. Г., за кои никој не чул, според Избирачкиот список се станари на истата зграда, која се води и на ул. „Наум Наумоски – Борче“.

„На ул. ‘Круме Волнароски’ број 65, во напуштена куќа, што се распаѓа се регистрирани 56 гласачи, а на адреса на социјалната зграда во населбата `Точила` во којашто станарите сé уште не се вселени, се регистрирани 23 гласачи“, тврдат прилепските социјалдемократи.

Додека Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, овие утврдени аномалии во Избирачкиот список, во своите соопштенија ги нарекува „фабрикување скандали на опозицијата во отсуство на конкретни проекти“, а членството се чини, е задолжено и на социјалните мрежи да ги брани овие ставови, за да си го зачува работното место во јавниот сектор, каде има енормна превработеност, граѓаните се сериозно загрижени.

„Со вакви пропусти, со ваков хаос, со вакви неточни податоци, кои кој знае од кога се внесувани во Избирачкиот список, тешко дека до 5–ти јуни, ќе се исправи работата. Попис треба да се изврши, но не од кадарот на ВМРО- ДПМНЕ, туку од граѓански организации без политички предзнак, и тоа куќа по куќа, макар траело една година. Гласање во вакви услови, значи уште поголем хаос. Ние не знаеме, кој сé доаѓал и што сé правел, се остава впечаток како во државава ништо друго да не се работело, освен што се внимавало каде има напуштени куќи, каде може да се запишат `фантомски гласачи`. Не со сарми – перници, ама со манипулациите и измамите во Избирачкиот список, ние сме за ‘Гинис’, човек им да позавиди на ваквите способности“, вака иронично, гневно и разочарано реагираа, група пензионери од Прилеп, кои без исклучок секој ден прават свои анализи на сите, како што велат, новооткриени сценарија во државава.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, поаѓајќи од начелата за спроведување фер, демократски и регуларни избори, (какви што во Македонија прашање е дали воопшто имало, ако се имаат во вид, сите аномалии на Избирачкиот список, кои кореспондираат со одредени наводи од аферата „Прислушување“) ги охрабрува граѓаните да продолжат со доставување пријави за неправилности во Избирачкиот список.

Моника Талеска

Tags: вмроДИКизбирачки списокизбориМоника ТалескаПрилепЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ