• Latest

Македонската безбедност како швајцарско сирење

June 16, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонската безбедност како швајцарско сирење

June 16, 2017 17:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гумени чизми, стари и несоодветни униформи, опремени со ашови и слични, едноставни земјоделски и градинарски алати, со ниски плати, неисплатени дневници, гладни и потценети… Тоа се војниците на Армијата на Република Македонија кои им помагаа на селата што беа поплавени минатата година во скопско и други места низ земјава. Изгледаа како партизани, веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

Пишува: Џабир Дерала

Со години наназад, единствените за кои не само што нема забелешки, туку само пофалби, кога се надвор од земјава, се токму македонските војници. Но, власта на Груевски ги ограничи, осиромаши и понижи. Не само што не направи ништо за да ја осовремени и приближи армијата кон НАТО стандардите, туку ја врати далеку поназад отколку што беше во 2008 година, кога бевме најблиску до прием. Руинирањето на армијата беше дел од сценариото Македонија да се оддалечи што е можно подалеку од евро-атлантските структури и да се изолира, за Груевски и неговата фашо-мафија непречено да владеат.

Војската е само дел од приказната. Полицијата е приватизирана и претворена во партиска војска (МВРО, ви текнува?). Приватните агенции за обезбедување (најголемата е на бате Саше, ви текнува?), имаат непознато количество оружје и опрема. Станува извесно дека кај нас виреат и паравоени банди од кои повеќето се театрални (кама-пиштол-знаме од разни периоди и земји), но некои се сигурно прилично сериозни. Етно-екстремизмот и верскиот фундаментализам и фанатизам се во пораст… Накратко, безбедноста ни е како швајцарско сирење. Следејќи ја конференцијата “Хармонизација на ЕУ системите на контрола на извозот на оружје” во Брисел, (COARM) ми станува уште појасно колку сме далеку. И сфаќам дека имаме среќа што сме мала и не многу значајна земја. Нашата безбедносна состојба е очајна и голема среќа е што не нè чинела голем број животи до сега. За тоа директно се одговорни криминалците од сега паднатата власт.

Никој не сака лоши вести. А ние сме лошата вест во светот. Често и бизарна вест. Малку нè дели од тоа да бидеме трагична вест. Не смееме да го дозволиме тоа. Не смееме да им дозволиме на криминалците да продолжат да си играат со нас, знаејќи дека токму тие ја прокоцкаа нашата безбедност, за да живеат како султани и спремни се да нè фрлат во оган, само за да се извлечат. Но, ние сакаме да бидеме добрата вест во светот. Потребна е само политичка волја (ја има), знаење (го имаме) и многу труд (работливи сме).

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (17/6/2017)

Tags: АрмијабезбедносткриминалциМакедонијаполиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ