• Latest

Македонија останува на ставот, Грција бара име од пакетот на Нимиц

May 22, 2018
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија останува на ставот, Грција бара име од пакетот на Нимиц

May 22, 2018 07:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската Влада останува на ставот дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение прифатливо за двете страни, додека официјална Атина инсистира името да се одбере од пакетот предлози на Метју Нимиц.

Двете страни ги изнесуваат позициите пред новата рунда преговори за името. Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција в четврток и петок ќе имаат нова средба со медијаторот на Обединетите нации, Нимиц.

Премиерот Зоран Заев вчера потврди дека предлогот останува на маса, бидејќи според него е вреден и е за длабоко размислување, затоа што ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓаните на двете земји.

Заев поткуп

– Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница, рече Заев.

Посочи дека тој и грчкиот премиер Ципрас целосно веруваат во ова решение и оти тие двајца се само една од кариката во целиот овој процес.

Според премиерот, Илинден и нашето Илинденско востание во 1903 и 1944 година немаат никакви територијални претензии и ништо не се загрозува од страна на Грција.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи предлогот го оцени како магична формула, која во себе ги вклопува сите коцки во еден успешен мозаик.

– Мора да направиме разлика меѓу суштината и формата. Суштина е какво е, форма е колку и каде ќе се имплементира и согласно тој концепт беше новиот предлог. Ако има добро решение не е важно колку и каде ќе се употреби. Сметам дека тој предлог беше таков, инклузивен е за сите чинители во општеството – политички, партиски, етнички и ги овозможува двете основни барања на Грција јасна дистинкција со нивниот региони и можноста за севкупна употреба, рече Османи.

Бујар Османи телма

И шефот на дипломатијата Никола Димитров не гледа посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија

– Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласност за решавање на спорот.

Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на Уставот и оти тоа се двата столба на нашата државност.

МНР Никола Димитров

– Тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија, рече Димитров.

Додаде дека во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонски, со превод на сите јазици, со што не се заканува македонскиот идентитет.

Собраниската комисија за надворешни работи вчера од МНР побарала списи за предлогот за решение на спорот за името што во саботата официјално го соопшти Заев, изјави претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски.

Милошоски

-Многу е тешко да се изгради став кога немаме предлог и затоа сакаме како Комисија за надворешна политика да побараме од министерот за надворешни работи да ги достави списите на кои се базира овој можен предлог за да можеме да заземе став како пратеници и како Комисија за надворешна политика, рече Милошоски.

Тој додаде дека се надева дека министерот Никола Димитров ќе ги испочитува пратениците.

Грчката Влада, пак, го поздрави прифаќањето на ерга омнес, но побара името да се одбете од пектот предлози на Нимиц.

– Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, истакна портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос.

Тој го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата премиери.

Димитрис Ѕанакопулос

– Што се однесува на името, не сме стигнати до таму. Секако постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор, вели Ѕанакопулос.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос истакна дека на средбата со Нимиц ќе се разговара за сите прашања, бидејќи, како што рече се наоѓаме на чекор пред постоење договор.

Но додава дека едно прашање влијае на друго и „затоа не можеме со сигурност да говориме за договор и дека ништо не е договорено, ако не се договори се“.

Јоргос Катругалос

Тој додава дека идеално за Грција би била географска или временска одредница, „но и овие работи се прашање на толкување“.

Лидерот на опозициска Нова демократија Кирјакос Мицотакис го повтори ставот дека тој предлог е олицетворение на иредентизам.

Киријакос Мицотакис

– Илинден и илинденското востание се идентификуваат со македонскиот иредентизам. Значи, да разјасниме одредени прашања за оние кои се чини дека не ја познаваат добро нашата историја. Илинденското востание и името на Илинден се идентификуваат со македонскиот иредентизам. Тоа е име што беше идентификувано со националистичко востание,  кое тогаш, како централен слоган, го имаше Македонија на Македонците и формирање на една голема Македонија, со главен град Солун. Со други зборови, истото име за кое разговараше и веројатно уште разговара Ципрас е олицетворение на иредентизмот, рече Мицотакис и додаде дека му се чини дека „секогаш кога Ципрас преговара ноќе и сам, е опасен за националните интереси. (МИА)

Tags: ГрцијаМакедонијаНимицПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ