• Latest
Ерол Ризаов

Македонија најбогата на Балканот

May 28, 2025
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Македонија најбогата на Балканот

May 28, 2025 10:22
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Треба да се упатат јавни честитки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски, со должно извинување за критиките, бидејќи Македонија навистина ќе биде  најбогата на Балканот, како што ни вети премиерот со радосната вест директно од Америка од првиот ред на приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп. По скромната милијарда на унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе имаме пристап на уште шест милијарди евра пари на Обединетото Кралство.

Обрнете внимание на изразот „имаме пристап“ до милијарди евра што е многу подобро решение од задолжување. Тоа може да биде само почеток на огромната инвестициска активност во државата како најголемо градилиште на Балканот доколку оваа генијална формула се примени на сите заинтересирани страни за ваков пристап до инвестиции од милијарди евра. Италија, Германија, Франција, Данска, Норвешка и други скандинавски земји се подготвени на истиот начин да вложуваат милијарди евра во Македонија и во некои други земји од Западен Балкан, но тие со своите неспособни политичари без визија одбиваат такво богатство. Будали.

Пресметката на нашите визионери и големи државници е многу едноставна – ако само уште пет држави во наредните неколку години, а има повеќе заинтересирани, вложат по шест милијарди евра, колку Британија, заедно со унгарската милијарда, тоа се веќе баснословни 37 милијарди евра. Згора на тоа во наредните неколку години од домашните даноци и давачки во буџетот ќе се слеат уште толку милијарди евра. Според домашниот есап во тој случај  Македонија би имала „пристап“ до повеќе од баснословни 70 милијарди евра.

Не вознемирувајте со глупави прашања

Боже, каква среќа нѐ спопадна од умни луѓе. Македонија ќе стане рајска градина, со најсовремени автостради, брзи пруги, големи брани, плодни полиња, нафотводи, гасоводи, болници, чиста човекова околина и богати граѓани, сите милионери, во евра, се разбира. Ќе поставите „глупаво“ прашање што треба да направиме за да добиеме толку пари. Ништо страшно, нема ниту еден услов што ќе ни го наруши идентитетот, јазикот и славната ни историја. Треба само да отвориме неколку кампови (логори), или кажано креативно, како што милува да каже претседателката ни Гордана Сиљановска, неколку прифатилишта за емигранти од кои сакаат да се ослободат старите и новите стратешки партнери, или пак да не им стасаат нови бранови азиланти.

Како безбедна земја Македонија ќе го направи тоа мошне успешно, спасуваќи ги од големи проблеми новите стратешки партнери, бидејќи нивните „лоши“  закони за емигранти и за заштита на човековите права тоа не ми го дозволуваат. Затоа се подготвени да платат милијарди евра. Таков е нашиот однос кон  нашите пријатели кои до вчера, а и денес, според потребите ги навредуваме нарекувајќи ги европски лицемери и бирократи кои работат против Македонија да не биде членка на ЕУ.

А, дали ќе ги враќаме парите што ќе ни ги дадат. Тоа е уште поглупаво прашање. Прво, како што убаво ни објаснија нашите визионери, тоа воошто не е важно. Многу позначајно е како ќе ги трошиме парите, а јавноста ќе знае каде ќе оди секој денар. Каматата не се знае колкава е, но сигурно ќе биде многу мала. И тоа ни го објаснија, ама не можеме да разбереме, иако е многу едноставно. Можно е и да нема камата, ако се ангажираат нивните компании да градат по нивни цени и нешто малку да ќарат од тоа во што ќе инвестираат. Најважно е што тие што ќе ги трошат милијардите нема да ги враќаат, туку тие што ќе уживаат во рајот. Нема да им биде тешко бидејќи сите ќе бидат богати.

Единство по урнекот на ВМРО-ДПМНЕ

Што се однесува до мигрантите, откако ќе се завршат работите и ќе ги добиеме клучевите од рајот  можеме да ги отвориме вратите од логорите, поточно од прифатлиштата. Тие што ќе преживеат ќе си заминат од Македонија воодушевени од нашата гостољубивост како и сите овие години. Бадијала нѐ плашеа дека се терористи. Ова е добрата страна на приказната за најбогатата држава на Балканот и пошироко, претставена како пародија. На лошата не сакам ни да помислам, оти што можат да замислат нашите мудри политичари на власт тоа не може ни држава да плати.

Ете, затоа драги мои, ни треба единство на какво повикува секој ден по трипати нашиот премиер Мицкоски. Братство и единство по урнекот на ВМРО-ДПМНЕ. Секое друго единство и поинакво мислење е опасно по интересите на кутра Македонија. Ова е класичен пример и еклатантен доказ дека ЕУ воопшто не ни е потребна, туку само нивните пари. Имаме доволно памет за трошење, со туѓи пари ние знаеме да работиме без големи тешкотии. Ги арчиме како алва. Тоа барем досега го докажавме со веќе потрошените децении, генерации и милијарди натрупаните долгови Ова е новиот визионерски пристап до богатството што ни го овозможуваат Али Баба и 40–те „мудреци“. Сезаме отвори се.

Единството за ваквите грандиозни потфати е неопходно, како што паметно ни укажува премиерот Мицкоски, бидејќи опозицијата нешто мрчи и се сомнева и постојано поставува сомнителни  прашања. Додуша прилично тивко и воздржано. Прашуваат  дали се откажавме од ЕУ, која е цената на ваквото задолжување и слични други непотребни прашања кога сѐ ќе се знае и сѐ ќе биде транспарентно кога ќе се заврши работата и ќе почнат големите зафати кои ќе ја спасат Македонија.

Не знам зошто воопшто му е потребно на премиерот Мицкоски некакво партиско единство, кога зад себе има огромна поддршка на невидено на јавноста, има комотно мнозинство во Собранието, целосна услогласеност со претседателот на државата – „он оком, она скоком“ – и плус владата, општините, судството, црквата, универзитетите, МАНУ, во најголем дел медиумите, социјалните мрежи. Зошто би ги споделувал успесите со велепредавници и непријатели.

Или можеби сака да ја сподели одговорноста ако почнат да паѓаат кулисите од ветените Потемкинови села, или пак се плаши од стампедото на „белите слонови“, синоним на големите промашени инвестиции кои обично никнуваат покрај патот за рајот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ