Дојде и тој светол миг за македонската и светската потрага по правда. Таман помисливме дека овој ден ќе остане запаметен по апсењето на првата специјална обвинителка Катица Јанева, кога, ете, овој настан беше, едноставно, засенет со Фејсбук статусот на високиот партиски функционер, поранешен водач на навивачката група „Шверцери“, Артан Груби. Тој напиша, а светските агенции пренесоа:
„Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика.“
По повод овој Фејсбук статус се огласија неколку стотици светски организации за борба против корупцијата и испратија изрази на одушевување и честитки за храброста на функционерот на ДУИ.
Александар М. Арнаудов – Роки
Нема потреба од дисклејмер за оваа „вест“.