• Latest

Македонските медиуми „под диктат“: Глорифицирање на „успесите“ на премиерот, молк за (не)враќањето на уставното име и за поддршката за Украина

September 13, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските медиуми „под диктат“: Глорифицирање на „успесите“ на премиерот, молк за (не)враќањето на уставното име и за поддршката за Украина

September 13, 2024 16:15
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Селективниот пристап на македонските медиуми во однос на Мицкоски се одвива како под „диктат“, се  величаат „успесите“ на премиерот и се игнорираат прашањето за (не)менувањето на уставното име и изјавите на поддршка премиерот на нашата земја и ја дава на Украина.

Дека македонските медиуми, и тоа поголемиот дел од нив се управувани од еден центар на моќ, е одамна позната состојба, која се потврдува од ден на ден.

Најновата аквизиција на ПР тимот на премиерот е оркестрираната објава на македонските медиуми на само дел од гостувањето на Мицкоски во подкастот  „Претрес со Ландов“ и тоа оној дел кога премиерот се фали дека под негова диригенска палка за првите 80 дена од Владата имаме покачени пензии, исплата на заостанати плати, субвенции, нови инвестиции…

Но затоа, македонските медиуми воопшто не го третираат делот од гостувањето во кое домаќинот го поставува прашањето „дали ќе не исфрлат од НАТО ако го промениме името“, на што премиерот одговара дека нема да не исфрлат, затоа што тој не знае и нема план како би го вратиле името, и бара доколку некој знае како да го вратиме името, да му каже.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Pretres-na-premierot-Hristijan-Mitskoski-YouTube-Google-Chrome-2024-09-13-14-55-02.mp4

Сосема спротивно на предизборните ветувања кога беше сигурен дека ќе го врати, за што ја доби довербата од многу гласачи. Сега, кога треба да испорача, одеднаш не знае како. Изгледа има заборавено.

Она што исто нема да го прочитатае во македонските медиуми, е изјавата на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски во видео обраќањето во рамките на Четвртиот самит на меѓународната иницијатива Кримска платформа кога премиерот, меѓу другото ќе рече: Мојата земја нема да ги признае нелегалните обиди за анексија на привремено окупираните територии. Драги украински пријатели, дозволете ми уште еднаш да повторам: мојата земја ќе остане покрај вас во овие тешки моменти, а ние ќе стоиме со Украина се додека тоа е потребно.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Mitsko-Krimska-Pltforma.mp4

Во истото обраќање, кое беше игнорирано од речиси сите македонските медиуми (само 3 медиуми ја пренесоа објавата на ЦивилМедиа) тој повика и на враќање на територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи  дека нашата земја ги почитува меѓународно признатите граници и ја поддржува Украина во меѓународните иницијативи како што е Кримската платформа.

И додека за тактиката со необјавување на признанието на Мицкоски за неуспехот да го оствари ветеното  враќање на името и може да има некакво разбирање, поради чувствителноста на ова прашање кај сопствените избирачи , тогаш кому му служи криењето на поддршката која на Украина и ја дава Мицкоски и новата Влада.

Дали ова значи дека над домицилниот центра на моќ кој управува со информативните содржини на македонските медиуми, има друг, поголем центар на моќ, таму некаде, подалеку на исток.


Текстот е личен став на авторот
Tags: контрола на медиумитемакедонски медиумиселективен пристапХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ