• Latest

Малески: Неопходно е историско помирување меѓу македонскиот и грчкиот народ!

September 1, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Малески: Неопходно е историско помирување меѓу македонскиот и грчкиот народ!

September 1, 2017 16:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мора да имаме на ум, дека секое решение за полноправно членство во НАТО, мора да помине и низ грчкиот парламент. Затоа двете страни, мора посветено да работат на помирување помеѓу двата народа. Конечно, претставниците на двата народа седнати во парламентите на двете држави, треба да изгласаат она што ќе го договорат нивните влади. И тоа да биде автентично, искрено, вистинито“, порачува проф. д-р Денко Малески, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, во кое ја анализира актуелната политичка состојба на релација Македонија – Грција.

проф. д-р Денко Малески

 

ЦИВИЛ Медиа: Вчера во Скопје, се одржа втората средба Димитров-Коѕијас, како ги оценувате испратените пораки од македонскиот и грчкиот дипломат? Каде е Македонија, на патот кон решавање на спорот со името, или поголеми се шансите, под референцата ПЈРМ да влезе во НАТО?

МАЛЕСКИ: Мислам дека ова е едно внимателно отворање на двете страни, коешто ветува дека ќе се влезе сериозно во дијалог, којшто пак очигледно ќе се случува по локалните избори. Тоа се веќе тактики на партиите. Иако, министерот Димитров не го образложи експлицитно  и со отворени зборови проблемот, сепак она што го кажа, зборува за свеста кај новата Влада дека сериозно  мора да се бара решение на проблемот. Деликатноста е во тоа што, ние 10 години со политиката на антиквизација го иритиравме грчкото јавно мислење, додека сопственото јавно мислење го заробивме во еден историски мит, од кој што сега треба да излеземе. Тоа не е ни малку лесно. Тоа не е можно нагло да се направи, туку мора да му претходи објаснување на новиот курс. Македонскиот министер укажа дека мора да се вратиме на Времената спогодба, да ги почитуваме работите што сме ги потпишале во 1995 г. Тоа укажува дека ќе се дефинира новата политика, која што во основа е онаа старата од почетокот на независноста, која што беше напуштена во прилог на еден митолошки национализам, кој што нѐ заглави. Никој не треба да се вознемирува дека нешто ќе му биде забрането, одземено, како на пример, да се слави Александар Македонски. Такви здруженија секогаш може да постојат, но тоа не може повеќе да биде државна политика на Македонија.

Е, сега напуштањето на старата политика, треба да биде внимателно, зашто премногу долго народот е фрлан од една на друга страна во историската интерпретација на генезата на нашата нација.  Внимателно треба да фатиме една конзистентна линија, која што е во согласност со објективната историска вистина, која што сепак постои. Како кон Грција, така и кон Бугарија. Тоа е една колосална задача, која што стои пред Владата, но и пред целото македонско општество.

Средба Коѕијас – Димитров – Скопје, 31, август, 2017

ЦИВИЛ Медиа: Грчкиот шеф на дипломатијата, Коѕијас, вчера нѐ нарече „мила северна земја“, а од друга страна потсети и повика на реализација на одлуките од Букурешт. Како ја оценувате оваа реторика на Коѕијас?

МАЛЕСКИ: Па, добро, во дипломатијата се употребуваат и такви изрази, не е толку вообичаено, и еве да речеме дека тоа е израз на пријателски чувства. Сепак, треба да ги имаме предвид реалностите на меѓународната политика и да разбереме дека пријателските чувства Грција ги условува со решавање на идентитетскиот спор, а во тој контекст и спорот за името, кој постои меѓу двете земји. Зашто, проблемот со името последниве години прерасна во еден сериозен идентитетски  проблем. Многу сум зборувал и сум пишувал на оваа тема. Од нас се бара да се направи дистинкција меѓу двата македонски идентитета од двете страни на границата, грчкиот македонски идентитет и нашиот македонски идентитет. Тоа не е ни малку лесна работата, но со таквото решение е условено нашето членство во НАТО и во ЕУ. Конечно, и НАТО донесе своја одлука во Букурешт: сите држави членки се согласија дека ќе бидеме примени, тогаш кога ќе се реши тој проблем. Тоа е сега нашата моментална ситуација.

ЦИВИЛ Медиа: До избори не се очекуваат никакви значајни придвижувања. Но, кои се прогнозите потоа?

МАЛЕСКИ: Изборите се за 45 дена. За решавање на овој проблем ни е потребна, барем една година напорна работа, ако не и повеќе, за новата политика на Македонија и да се постави на вистинскиот колосек и да се мобилизира општеството околу неа. Се разбира, сите посакуваме некое брзо решение за влез во НАТО,  а потоа помирно да бараме решение за името. Но, изгледа тоа грчката страна не го прифаќа. Според тоа мора да имаме на ум, дека секое решение за полноправно членство во НАТО, мора да помине и низ грчкиот парламент. Затоа двете страни мора посветено да работат на помирување помеѓу двата народа. Конечно, тие претставници на двата народа седнати во парламентите на двете држави, треба да го изгласаат она што ќе го договорат нивните влади. И тоа да биде автентично, искрено, вистинито. Кажувајќи го ова станувам и самиот свесен, колку длабоко заглавивме во една погрешна насока и какво мачно одглавување не чека. Мачно, но и неизвесно.

ЦИВИЛ Медиа: Двете земји работат на мерки на доверба, македонска бројна делегација пред два дена беше во Атина. Колку воспоставувањето на ваквата соработка, може да ги ублажи дециниските анимозитети меѓу двата народа?

МАЛЕСКИ: Мислам дека сите овие години, сепак паралелно со конфликтот се одвиваше и процес на соработка. Таквиот пристап, сепак не е доволен. Нашиот случај е доказ дека проблемите на Балканот, може и по сто години да траат. Еве нашиот од независноста 27 години и пред тоа од Првата и Втората светска војна. Но, веќе сме во ситуација да бараме едно сериозно, ново решение и да станеме сојузници во НАТО.

ЦИВИЛ Медиа: Македонија е подготвена за НАТО, спорот со името тежи, колку и покрај првичните промени во дискурсот на грчката дипломатија, парламентот може да донесе политичка одлука, која што ќе значи компромис за спорот со името, во актуелниот амбиент во Грција? Овде пред сѐ мислам на децениската политика на антиквизација од претходната македонска Влада, која што ги зајакна анимозитетите кај грчкиот народ, кој што има изразен национализам?

МАЛЕСКИ: Отсекогаш сум се залагал дека треба на таквиот чин, чинот на гласањето во парламентите, да биде дел од еден процес на помирување на народите. Тоа е големиот проблем со балканските конфликти. Тие не се само конфликти меѓу политичките елити, туку се производ и на длабоко вкоренети предрасуди во главите на луѓето што се хранат од историските неправди, за кои ќе ви раскажуваат сите народи на Балканот. И секоја балканска нација, ако ви каже дека историјата направила неправда кон неа, ќе биде во право.

Кога јас бев министер за надворешни работи, ја преведов германско-полската Спогодба, во надеж за историско помирување. За жал многу време е изгубено од двете страни. Политичарите никаде во светот не би биле политичари, ако не се обидат да капитализираат на емоциите на народот, за да добијат на избори. Кај нас на Балканот, тоа е страшна и брутална злоупотреба.И таа игра се играше прилично години, од двете страни. Нашата дебата со Грција треба да појде од простиот факт дека постојат повеќе вистини за Македонија, а не само една вистина. Ако тоа си го објасниме и ако тоа го прифатиме, ќе се најде решение на проблемот за името. Но, ако македонската и грчката политика се обидат тоа да го направат без објаснување, без да им се обратат на своите народи, тогаш се плашам дека некој свирепата политичка игра со длабоките чувства на народите, може да ја продолжи и повторно да се најдеме во тој балкански лавиринт, во којшто сме загубени еве веќе 27 години. Политичарите на двете земји мораат да им се обратат на своите народи, со зборовите на грчкиот поет, Константин Кавакас дека нема повеќе варвари на границите! На средбата во Скопје беа изговорени и такви зборови. Тоа е добар почеток.

Моника Талеска

Tags: антиквизацијаГрцијагрчко-македонски односиДенко МалескидипломатијадобрососедствоМакедонијанационализамНикола ДимитровНикос Коѕиасспор со иметостереотипиТалеска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ