• Latest

Манипулации: „Приказни од булеварот“ признаа, но тврдат дека „ненамерно“ објавиле лажна вест, не испуштија да продолжат со навреди и манипулации

January 31, 2021

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Манипулации: „Приказни од булеварот“ признаа, но тврдат дека „ненамерно“ објавиле лажна вест, не испуштија да продолжат со навреди и манипулации

January 31, 2021 15:32
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Откако ЦИВИЛ ја разобличи лажната вест за Владата дека наводно ќе купувала џипови во вредност од 1,5 милиони евра, профилот „Приказни од булеварот“ на својот Фејсбук профил ја избриша лажната вест и објави дека е „ненамерна“ грешка, ама…

„Ја прифаќаме нашата грешка! Но! Булеварко никад не правеле фотошопови туку пренесуваат сè она што се врти низ етерот. Грешката е ненамерна. Баш ни е драго што сме ви трн во окото и секојдневно сме ви под лупа! Ветуваме дека она што вие ревносно го браните ние ќе го разобличуваме со линкови и факти. Од над 100 страни и профили! Царот е гол! Има една поговорка. Лошо е ако и вие тргнете голи по царот зошто се во животот тече и се менува“, пишува Булеварко.

Ова „признание“ во кое се тврди дека се работи за „ненамерна грешка“, сосема предвидливо, наиде на „спонтани“ реакции и коментари како што е: „Не ти е прв пат да шириш лажни вести, но прв пат ти е официјално да те демантираат“.

Претходно и од Владата нагласија дека се работи за лажна вест и фотомонтажа.

„Ова е #ЛажнаВест. Владата никогаш не објавила ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“, објави потрпаролот на владата на Твитер.

Сепак, останува отворено прашањето дали „булеварците“ мислат дека некој може да поверува во нивното тврдење дека се работи за „ненамерна грешка“, особено имајќи предвид дека не е прв пат да пласираат лажни вести и говор на омразата. Самото „признание“ е наведувачко и со навредлив говор. Ова е само уште еден лошо изведен трик за манипулација и мултиплицирање на лагите и омразата, неуспешно скриено зад обидот да се покаже некаква принципиелност.

Во меѓувреме, ЦИВИЛ доби информации и дека еден од администраторите на „Приказни од булеварот“ е вработен во МВР, додека другиот е дел од минорна политичка партија. 

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

ЦИВИЛ ужива голема доверба и поддршка од граѓанките и граѓаните од целата земја. Оттаму, соработката со заинтересираните граѓан(к)и е редовна и интензивна. Секојдневно, голем број луѓе се јавуваат во организацијата со изрази на поддршка или со пријави на случаи за лажни вести.

Голем дел од нив користат онлајн алатки, преку мејл или пораки на различни комуникациски платформи. За да се олесни комуникацијата и архивирањето на случаите, ЦИВИЛ воведе онлајн Граѓанска пријава на која може да се пријават повеќе категории меѓу кои се наоѓаат лажните вести, но и говорот на омразата, корупцијата, насилството…

ЦИВИЛ ќе продолжи да ги разобличува лажните вести и дезинформации, без разлика дали доаѓаат од државни институции, јавни личности или обични граѓан(к)и.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ