• Latest

Манчевски: Во копиите и оригиналите од записниците има сосема други бројки!

December 12, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Манчевски: Во копиите и оригиналите од записниците има сосема други бројки!

December 12, 2016 18:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дамјан Мачески, шефот на Изборниот штаб на СДСМ и на коалицијата „За живот во Македонија“, на прес-конференција денеска соопшти дека во тек е пребројување на гласовите, зашто, како што рече, во копиите од записниците од синоќа и во оригиналите доставени во ДИК, има различни бројки. Според Манчевски, сите опции се отворени, сѐдодека не се добијат финалните резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера.

Според досегашните неофицијални информации од ДИК, резултатот е 51:49 пратенички мандат, во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Но, според Манчевски, во моментов ретко кој се осмелува да го каже бројот на мандатите, зашто премали се разликите во многу избирачки места. Се собираат записниците од терен и не е исклучена можноста да има промени во бројките.

„Ја имаме апсолутната бројка на гласови. Но, сепак, таа не е важна, зашто ги собираме записниците. Ги имавме вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Во тек е броењето, ќе ве замолам да почекаме уште некое време. Апсолутно треба да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено. Мнозинството граѓани на Македонија, одлучно, храбро, сплотено како никогаш досега, на вчерашните избори избраа промени! Има сѐуште пребројувања на гласовите. Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен! Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните избраа живот, избраа правда. Македонија гласаше за институции на и за граѓаните. Граѓаните ќе си ја вратат државата во свои раце. Испишуваме историја не само во државава, не само во регионални, туку, и во светски рамки. Поразивме режим – со пенкало, со глас!“, рече Манчевски заблагодарувајќи им се на сите граѓани, кои го дадоа својот глас за СДСМ и за коалицијата „За живот во Македонија“.

 

Tags: ДИКзаписнициЗоран Заевизборен процесМанчевскинерегуларностиНикола ГруевскипребројувањережимСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ