• Latest

Маричиќ: Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите доколку не биде поразена во Парламентот до изборите

December 12, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите доколку не биде поразена во Парламентот до изборите

December 12, 2023 21:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Би очекувал и би биле среќни, по најавите дека ќе има јасен политички повик до сите политички партии во Собранието да дадат поддршка на уставните измени и да не ја блокираат сопствената држава. Ние скринингот го завршивме и навистина се надеваме и работиме на тоа да се дојде до 80 пратеници, меѓутоа нема да правиме притисок врз пратениците, ние објаснуваме и ќе продолжиме тоа да го правиме бидејќи обврската останува и за овој парламентарен состав и за наредниот, нагласи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва во дневникот на Сител телевизија, откако претходно во заклучоците усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата, беше наведено дека Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година.

– Нашата стуација очекувам да биде формулирана на начин што ќе се пофали скринингот, ќе се укаже и ќе се направи генеза како сме ги почнале преговорите минатата година и во која фаза сме сега дојдени и ќе се изрази повторната подготвеност, како што е запишано во заклучоците од минатата година и преговарачката рамка дека во моментот кога ќе бидат извршени уставните измени веднаш без нова политичка одлука и без дополнителни одлагања ќе се свика втората  меѓувладината конференција за да се отвори првиот кластер, рече Маричиќ.

Додаде дека околу 1000 луѓе во сите делегации околу 100 работни дена направиле 850 презентации и одговориле на стотици прашања, и сето тоа, како што нагласи, доаѓа од повеќе од 200 институции. Според него, тоа бил масовен длабински процес, што ни кажал каде сме и колку и што ни треба за да бидеме членки на ЕУ и да ги достигниме европските стандарди.

– Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите доколку не биде поразена во Парламентот до изборите.  Политиката на блокирање на сопствената држава, според мои очекувања, ќе биде поразена на изборите од овој европски фронт и од оваа коалиција и потоа веќе без никакви аргументи ќе останат оние кои си ја блокираат веќе сопствената држава година и половина, изјави вицепремиерот Маричиќ..

Според него, Албанија можеби нема на овој Совет да добие согласност од сите држави членки за свикување нова меѓувладина конференција, но прашање на време е, ако не се случи сега, дека ќе се случи за неколку месеци.

– За жал математиката е нарушена со политичка одлука на ВМРО – ДПМНЕ. Нашата блокада на европскиот пат има име и презиме, тоа е ВМРО – ДПМНЕ и тие не можат да избегаат од таа одговорност. Да прашаме отворено, вреди ли да се блокира сопствената држава на патот кон ЕУ заради внесување на неколку заедници во преамбулата на Уставот, бидејќи за тоа се работи. Пукнаа како меур од сапуница оние тврдења дека ќе го изгубиме јазикот, ќе го изгубиме идентитетот, дека нешто ќе ни се случи лошо, рече меѓу другото Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ меѓу другото праша, која е таа држава што се откажала од процесот на евроинтеграции заради потенцијални можни идни замислени блокади од некои држави.

– Затоа мислам дека тоа е страв од носење политичка одлука или е стратегија да не се внесува државата во ЕУ. Што и да е, е штетно за државата, истакна вицепремиерот.

Во однос на предлогот Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, вицепремиерот Маричиќ рече дека премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на АА Арбен Таравари, како лидери на трите најголеми партии во владината коалиција, се во постојана комуникација и консултација.

– Сигурен сум дека разговарале и за ова прашање и за повеќе други пшрашања. Не можам да тврдам бидејќи има состаноци каде учествуаат само тие тројца, рече Маричиќ.

Тој дава целосна поддршка за Талат Џафери бидејќи, како што рече, има и знаење и искуство и политичко и животно за успешно да ја води техничката влада во тој период кога е предвидено и затоа, подвлече, ќе ја добие нашата поддршка без дилема.

Tags: Бојан МаричиќЕУПреговорискрининг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ