• Latest

Маричиќ од Блед: Колку е подостижно проширувањето на ЕУ толку е посилен гласот на Европа

August 29, 2023
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ од Блед: Колку е подостижно проширувањето на ЕУ толку е посилен гласот на Европа

August 29, 2023 19:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панелот насловен „Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба“, на кој истакна дека проширувањето на ЕУ е нејзина најсилната политика, колку е подостижна толку е посилен гласот на Европа.

„Нашето партнерство со ЕУ е клучно. Но, без опиплив датум и план за пристапување регионот нема да се грижи за ЕУ, затоа е многу важен говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, според кој реформите во ЕУ и Западен Балкан треба да се случат во исто време и да се финализираат во 2030 година“, рече Маричиќ.

Тој порача дека граѓаните на ЕУ и политичарите треба да знаат дека ако сега со временска рамка го поддржат проширувањето, тоа ќе им се врати со големи придобивки.

„Придобивките од ЕУ се потценети од младите луѓе и наша задача, на политичарите, е да ги нагласат придобивките и вредностите на ЕУ бидејќи се големи и ги има многу“, подвлече Маричиќ.

Тој додека дека војната во Украина беше аларм и предупредување за ЕУ, кој ги извади на површина сите слабости на Унијата, а најповеќе потребата од обединување на регионот и зајакнување на трансатлантското партнерство, кое е клучно за ЕУ.

Политиката за проширување треба да се сфати многу сериозно, потребен ни е план, во спротивност ако остане како ветувањето во Солун, тогаш ќе имаме големо разочарување. Западен Балкан не е во соседството, тој е во дворот на ЕУ, рече Маричиќ, додавајќи дека Унијата заснована на вредности е подобра од империја бидејќи вредностите се клучни.

Според него, трансатлантското партнерство е клучно за ЕУ бидејќи треба да се заснова на вредности, а потенцијалното флертување со Кина рече дека може да биде многу ризично.

ЕУ покажа дека е глобален лидер, демонстрирајќи сила во тешки времиња за нејзините партнери кои се залагаат за европските вредности, ширум Европа и светот. Се потврди дека ЕУ води грижа и за нас како партнери и идна членка, за време на Ковид кризата, со енергетската и прехранбена криза, обезбедувајќи 80 милиони евра за енергија и многу други видови на поддршка, укажа Маричиќ.

Маричиќ на почетокот на панелот изрази солидарност, партнерство и сочувство до Словенија и словенскиот народ, порачувајќи дека случувањата во Словенија ги чувствуваме како да ни се случиле нас и укажа дека Северна Македонија е подготвена да и помогне дополнително на Словенија.

На панелот соговорници на вицепремиерот Маричиќ беа неговата словенечка колешка, Тања Фајон, Федерика Могерини, Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Кристофер Смит, заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа и Мирослав Влачовски, министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка.

Денеска завршува овогодишниот Бледски стратешки форум кој траеше од 27-29 август, во Блед, со наслов „Солидарност за глобална безбедност“.

Tags: БледЕУинтеграцииМаричиќпроширување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ