• Latest

Маричиќ: Остануваме партнери во креирањето политики со фокус на граѓаните

June 23, 2021

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Остануваме партнери во креирањето политики со фокус на граѓаните

June 23, 2021 21:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ денеска одржа јавен настан на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, на кој учествуваше Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој се осврна на потребата за измена на изборниот модел, инклузивниот процес и ставот за отворените листи.

„Почитуван Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, Почитувани претставници на политичките партии, почитувани претставници на Државната изборна комисија, Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Најнапред сакам да се заблагодарам на поканата и можноста да сум дел од овој настан кој се одржува токму во период кога активно течат разговорите околу потребата од промена на изборниот модел. Во очи локалните избори, изборните реформи беа едни од клучните предизвици изминатиот период, како и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР“, се обрати министерот Бојан Маричиќ на почетокот на својот говор на настанот.

-Прашањето за изборни реформи не е ново во Северна Македонија. Новитет е тоа што конечно, по многу најави, повеќето засегнати страни, по иницијатива на Министерството за правда седнаа на заедничка маса со цел – да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Дали ни се потребни вакви измени? -Одговорот е да. Дали треба да брзаме и да го донесеме по секоја цена? – Секако не.

Намерата е изборните реформи да бидат прифатени од сите политички субјекти и истите e повеќе од нужно да ја опфатат и Државната изборна комисија. Со една цел: да се обезбеди поголема независност и капацитетност на ДИК, а со тоа и поквалитетен изборен процес, посочи Маричиќ.

Министерот за правда на РСМ Бојан Маричиќ на настанот на ЦИВИЛ „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“

-Како што претпоставувам дека веќе знаете, Министерството за правда пред неколку месеци формираше работна група, токму за оваа цел, во која членуваат професори, интелектуалци, експерти. Целта беше и секако е, да се најде најдоброто можно решение за промена на начинот на кој се избираат советите во општините, градоначалниците, пратениците …

Сакам уште еднаш да порачам дека целта на Владата и Министерството со кое раководам, е овие измени да бидат донесени или договорени преку инклузивен процес. Ова не е само декларативна порака туку намера бидејќи само на тој начин сите инволвирани страни ќе имаат доверба во изборниот процес. Поради тоа, на последните состаноци на политичката работна група беа поканети и ислушани претставниците на помалку бројните етнички заедници, чие мислење е многу важно, порача Маричиќ.

Секако и граѓанските организации, експерти, професори се дел од оваа работна група, чија работа ќе биде по се изгледа долготрајна, бидејќи и по локалните избори ќе останат некои прашања околу изборниoт модел отворени и ќе треба да се решаваат.

-Добар модел не е само политичко прашање. Тоа е прашање на морал, ако се има предвид дека преку изборниот модел ги преточуваме гласовите на граѓаните во нивни избраници, кои потоа треба да работат за нив, односно одговорно да ја вршат својата функција за која се изгласани и именувани.

Тоа од што сум лично задоволен е што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел.

Што се однесува околу самиот изборен модел, претпоставувам дека веќе гo знаете ставот на Владата, а тоа е дека ниe сметаме дека членовите на општинските совети треба да се бираат преку отворени листи. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите.

Генерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг.

Сакам уште еднаш да потенцирам дека за било какви промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии. Ова е добро за државата, за меѓусебната доверба, а како препорака ни е дадена и од Венецијанската комисија, истакна министерот Маричиќ.

 

Министерот за правда на РСМ Бојан Маричиќ на настанот на ЦИВИЛ „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“

– Локалните избори се за само неколку месеци. Претходно не очекува и финиширањето на пописот на населението. Според ова време за договор скоро и да нема, односно тоа е многу лимитирано.

Целиот изминат период работевме во насока на поголема демократизација на целокупниот изборен процес, но искрено не верувам дека на претстојните локални избори ќе се гласа со отворени советнички листи, со оглед на временски период кој останува до одржувањето на локалните избори. Тоа што е можно да го направиме е да ги имплементираме препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Избрзаното носење на било каков закон, може да даде само закон на хартија, а тоа не го сакаме.

Министерството за правда и Владата оваа тема ја издигнаa високо на агендата, бидејќи веруваме дека македонското општество е зрело за подобрување на изборниот модел. Партиите ќе мора да продолжат и периодот после изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.

На самиот крај сакам да се заблагодарам на ЦИВИЛ и на сите граѓански организации кои активно учествуваат во сите реформски промени со кои ја поставивме и придвижуваме земјата кон Европската Унија. Оваа Влада воведе пракса да бидете вклучени во донесувањето на политичките мерки и реформи и заеднички да го трансформираме системот и институциите кои ќе служат на граѓаните отчетно и одговорно.

Вашата конструктивна критика е наш коректор, а понекогаш и патоказ. Остануваме партнери во креирањето политики со фокус на граѓаните и нивната добробит, рече на крајот од својот говор министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Д.Т. 

камера: Атанас Петровски

реализација и монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Горан Наумовски 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ