• Latest

Маричиќ: Пратениците да бидат одговорни и заеднички да работат на патот кон ЕУ

March 9, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Пратениците да бидат одговорни и заеднички да работат на патот кон ЕУ

Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и одржливост на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните тела

March 9, 2023 14:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и одржливост на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните тела.

Маричиќ посочи дека земјата е на средина од скринингот со ЕУ и оти Собранието е најсоодветното место за дебати за Унијата.

Според вицепремиерот државата не назадува, има стабилен континуитет и оди напред. Тој се осврна на одредени наоди од Извештајот, но исто така информираше дека наскоро треба да ги добиеме извештаите од скринингот од првиот и вториот кластер, како и дека ќе треба да се подготват акциски планови за работа. Маричиќ им најави на пратениците од различните политички опции дека наскоро ќе добијат покани да номинираат експерти за три патокази.

Како ќе се одвиваат реформите и нивната динамика, истакна Маричиќ, зависи од самите нас. Тој апелираше до сите пратеници да имаат предвид дека усвојувањето на овие патокази е од исклучителна важност за сликата за нас пред ЕУ, но и пред граѓаните.

Маричиќ побара од пратениците Собранието да биде форум на патот кон ЕУ со приоритет на реформите, вклучувајќи ги и уставните измени. Тој ги повика пратениците да постапат одговорно и партиските работи ќе ги остават настрана а се што поврзано со ЕУ да го спроведат заеднички.

Tags: вицепремиерЕУинтеграциипратенициСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ