• Latest

Маричиќ-Сарацин: Со проактивност на сите политички партии да се направи нов напредок кон ЕУ до крајот на годината

May 18, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ-Сарацин: Со проактивност на сите политички партии да се направи нов напредок кон ЕУ до крајот на годината

May 18, 2023 13:02
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, на која беше разговарано за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, политиката за проширување со земјите од регионот, како и за домашните актуелни случувања, информираат од СЕП.

– Максимално сме посветени на процесот на преговори со ЕУ и оптимист сум дека нашите обврски како држава ќе ги исполниме во предвидениот рок. Почетокот на пристапните преговори се наш поттик за забрзување на интеграцијата и продолжување на реформите, со кои ќе им обезбедиме подобар квалитет на живеење за нашите граѓани. Очекуваме поддршка за забрзување на процесите кои ги правиме на евроинтегративниот пат од нашите пријатели во ЕУ. Не смееме да го пропуштиме моментумот, рече Маричиќ на средбата.

Сарацин посочи дека Северна Македонија е на вистинскиот пат да ја реализира својата стратешка цел, но во следниот период мора да се фокусира на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, на владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, за да ја задржи динамиката на напредок кон ЕУ.

Соговорниците се согласија сега е најважно да се одржи континуитет на пристапните преговори и оваа година Северна Македонија да направи нов напредок кон ЕУ, со отворање на првиот Кластер, „Фундаментални вредности“. За тоа Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, рече дека како и досега ја имаме силната и принципиелна поддршка од европските партнери, но дека многу поважно е да имаме политички консензус и проактивност од сите политички партии за евроинтегративниот процес.

Сарацин на средбата уште еднаш ги посочи германските позиции за проширувањето на ЕУ и за актуелните геостратешки настани во Европа рече дека Германија е наш искрен партнер на патот кон членство во ЕУ и ќе се залага што поскоро да се случи обединувањето на регионот со ЕУ.

Маричиќ го информираше Сарацин за текот на скрининг процесот и за реформскиот план кој треба да даде брзи резултати и напредок во зајакнувањето на владеењето на правото, правосудниот систем, борбата против корупцијата и другите области од значење за европскиот пат на нашата земја.

Маричиќ изрази уверување дека европските партнери го ценат сето она што македонската Влада го постигнала на европскиот пат, особено имајќи ги предвид тешките политички и економски околности, на кои бевме сведоци поради војната во Украина и потенцираше дека очекува Унијата да даде јасен план за европската перспектива на Западен Балкан.

На средбата присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.

Tags: Бојан МаричиќЕУинтеграцииМануел СарацинПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ