Граѓаните да бидат спокојни, радијаторите ќе бидат топли, парно ќе има. Компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје, порачува помошник директорот за топлина на АД ЕСМ Александра Маројевиќ во интервју за МИА.
Таа агласува дека ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“, а новите топловодни цевки се веќе пренесени на локација и додава дека се во постојана комуникација со Град Скопје, бидејќи мостот е под надлежност на градот.
-Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО, вели Маројевиќ