• Latest

Мас: На дофат ви е историска шанса, искористете ја

September 18, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мас: На дофат ви е историска шанса, искористете ја

September 18, 2018 16:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето пеаво и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одллуката е во рацете на граѓание, истакна на заедничката прес-конференција министерoт за надворешни работи на Германија Хајко Мас со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров. 

Според него, решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа.

– Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Јас сум сигурен дека кај одговорните лица во Скопје ќе се отвори тој пат. Ние сме за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Тоа е важно за стабилноста на регионот и затоа тоа не е само ваш туку и наш европски интерес. Истовремено, пристапувањето во ЕУ подразбира и други критериуми – правна држава, борба со корупција и органзиран криминал,…, кажа Мас.

Тој посочи дека со решавањето на спорот се покажа дека власта има визија за иднината на Македонија и упати охрабрување да продолжијме по тој пат чекорејќи храбро.

Димитров рече дека со посетата на Мас, на онаа на канцеларката Меркел на Денот на независнота и утрешната на германската министерка за одбрана, не може да има појасен сигнал за германската поддршка која се темели на една основна причини дека Берлин препознава решителнист кај Република Македонија да си ги реши проблемите, да застане на нозе и тргне напред.

– Не само од себични или наши причини сум почестен со оваа посета на Мас. Живееме во Европа која е многу зафатена самата со себе Германија и министерот е пример, столб за сегашната Европа и каде сакаме да одиме, убава комбанинација на европски вредности принципи, рече Димитров.

Нагласи дека го информирал Мас за напорите да се објаснат сите детали на граѓаните за Договорот од Преспа и за придобивките од зачленувањето во НАТО. После овој стратешки чекор нам ни престојат реформи дома, додаде Димитров.

За време на посетата на Мас, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор Томас Герберих денеска потпишаа Декларација за признавање и замена на возачки дозволи меѓу двете земји. Со потпишувањето на декларацијата македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно, македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи. (МИА)

Tags: ГерманијаЕУНАТОНикола ДимитровреферендумХајко Мас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ