• Latest

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

February 22, 2018

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

February 22, 2018 07:07
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американските ученици и нивните родителите деновиве почнаа масовни протести против слободната продажба на оружје со барање до законодавците да се направи итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Гневот се обнови после минатонеделната престрелка во средно училиште во Паркленд, недалеку од Мајами, кога загинаа 15 ученици и двајца учители. Од еден вооружен напад до друг,  незадоволството од статсус-квото со контрола на слободната продажба на оружје во САД тлее со децении.

Разочарувањето на родителите и учениците денеска беше големо, откако Претставничкиот дом на сојузната држава Флорида гласаше против нивниот предлог за општа забрана на носење оружје. Власта во оваа сојузна држава е под републиканците кои строго се придржуваат на Вториот амандман.

– Гласањето покажа дека Телахеси е под контрола на лобито за оружје. Претстои долготрајна борба, изјави Гвен Греам, кандидат за гувернер на Флорида од демократите.

Протести има и пред средното училиште во Паркленд, мастото каде се случи масакрот. Главното барање е забрана на продажба на оружје на лица помлади од 21 година.

– Дали Америка ги става на прво место пиштолите наместо децата, порача „Њујорк тајмс“, додавајќи дека можеби децата, згрозени од теророт што го преживуваат по училиштата, ќе ги натераат постарите на акција.

Првиот минтинг беше во понеделеникот пред Белата Куќа, кога ученици и студени организираа „лежечки протест“. На таков начин тие го поздравија Доналд Трамп по повод американскиот празник Ден на претседателот.

Кампањата на претседателот Трамп беше спонзорирана со над 30 милион долари од Националната стрелачка асоцијација (НРА), главната лоби група која се бори за заштита на Вториот амандман за слободно поседување на оружје.

Во текот на протестот во Вашингтон на кои се појавијаа членови на НРА и имаше мали туркања, беа прочитани имињата на загинатите од последниот напад.

Во меѓувреме, конвој од автобуси со ученици и родители вчера од јужна Флорида замина за Тeлахeси, главниот град на државата.

Тие таму поставија протестен камп и ораганизараа постојано бдеење се додека законодавците не ги изменат правилата за купување оружје и не забранат продажба на автоматски пушки од типот АР-15 во Флорида.

Пушката AР-15 беше оружје за избор на убиецот кој стрелаше во толпа луѓа на концерт во Лас Вегас лани, кога загинаа 58 луѓе, како и во нападот во ноќен клуб во Орландо во 2016, кога загинаа 49 лица, и за време на последниот напад во Паркленд, кога бивши ученик отвори оган во школото.

И на државно и на федерално ниво, републиканците се под огромен притисок од јавноста после смртоносната престрелка.

Јавноста е во грч и врши досега невиден притисок и во Вашингтон во сите сојузни држави каде може да стигне здравиот разум, дека е потребна итна измена на законот за да запре крвопролевањето и оруженото насилство, редовна појава по јавните места и во училишните установи во САД.

Америка е поделена. Руралните подрачја од каде доаѓа подршката за Трамп, како Вирџинија или Кентаки, не сакаат промени во регулативата, додека во државите како Колорадо или Њујорк, демократите имаат значјна подржка за промен на статус-квото.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ВашингтонДецаПарклендПротестиродителиСАДслободна продажба на оружјеубиства
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ