Тимот на ЦИВИЛ ги праша неготичан(к)и – Дали има слободни медиуми? Најголем дел од одговорите е дека медиумите работат со страв и дека не известуваат објективно.
„Џабе има слободни медиуми кога ништо не кажуваат како што треба“, вели еден граѓанин од Неготино.
Други неготинчани додаваат -„Нема слободни медиуми бидејќи се плашат“, „Тешко да има слободни медиуми, оти ги гњавеа едно време, не им даваа(т) ништо да кажат, во овој момент тешко дека ќе се поправи состојбата во медиумите бидејќи таква е моменталната политика“, „Владата не ги слуша ниту медиумите ниту нас граѓаните, нема слободно искажување“, додаваат тие.
Граѓаните на Неготино информациите што ги добиваат од медиумите ги прифаќаат со резерва.
„Медиумите сѐ што ќе кажат – лажат. На секој медиум што ќе му даде власта еден „залак“ повеќе, одма се завртува од нивна страна.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов