• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Меѓу животот и политиката

June 7, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Меѓу животот и политиката

Мај беше месецот во кој Република Северна Македонија стана европски центар на интерес и на дипломатски активности. Беше исполнет со мноштво настани, средби, изјави за проблемот што соседна Бугарија и го наметна на земјава на нејзиниот европски пат. Катадневно можеме да упатуваме на тоа дека политиката може и мора да биде во функција на човечноста наспроти политиканствата, наспроти  лагата и пизмата.

June 7, 2021 14:24
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Каде се добрите вести? Ги има ли воопшто или од медиумите и социјалните мрежи испаруваат како ситен дождец на врелиот летен асфалт? Зошто ги нема, зошто толку бргу се губат во мноштвото информации чии содржини се конфликти, омраза, лаги, политикантства?

Деновиве на Македонија ѝ се случи трета трансплантација на срце. Трето човечко срце чука за трет човечки живот. Запамтивме ли барем по некое име од лекарскиот, од медицинскиот тим? Дознавме ли по нешто за овие наши херои, за нивната ука, за нивните предизвици, желби, амбиции, за нивните емоции и животни погледи? Или и овој нивен подвиг се загуби во цунамито од вести исполнети со конфликти и пизми. Со политички подметнувања и надмудрувања кои катадневно безмилосно го преокупираат сето наше внимание и поради што од мрачната корија не го забележуваме ниту дрвото што цути.

Одговорите ги премолчуваме зашто им тежат на нашата совест. Зашто хероите ги засенуваме со антихероите кои не ги симнуваме од насловите и на кои им го посветуваме речиси сето незаслужено внимание. Но тоа е денот и тоа е интересот. За добрата вест да го види светлото на денот потребно е многу напор, треба длабоко орање. За лошата, пак, доволна е само некаква партиска патка. Збор пизма и ете ги првите минути и првите страници на медиумските носачи на животното течение на денот.

Но еве затоа, потсетувајќи на некои позначајни политички случување во месецот кој измина (мај, 2021), од тие причини, во овие редови само потсетување и на најдобриот, на најпозитивниот настан што го одбележа месец мај. Настан кој како и секоја добра вест, вообичаено брзо ни испари од меморијата. Ни исчезна незабележливо исто онака како, нели, летниот дождец од врелиот асфалт. Но затоа пак, и без нашата меморија и совест, продолжи да чука новото срце кое на пациентот му го дарија вештите раце на медицинскиот кардиолошки тим на скопскиот клинички центар.

И така, во недостиг на добри вести, се навраќаме на реалноста. Мај беше месецот во кој Република Северна Македонија стана европски центар на интерес и на дипломатски активности. Беше исполнет со мноштво настани, средби, изјави за проблемот што соседна Бугарија ѝ го наметна на земјава на нејзиниот европски пат.

Во тој контекст, исто така без многу помпа, а сепак со нужно внимание, се заврти информацијата за иницијативата на четири земји од „Вишеградската група“, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, како и Австрија, кои до раководството на Европската унија испратиле нов нон-пејпер за европската судбина на Западен Балкан. Документот не се занимава со прашањето на границите, но бара од Европската унија поголема поддршка за целиот посочен регион. Министрите за надворешни работи на овие држави очекуваат и земјите на регионот да бидат најдиректно вклучени во официјалните европски разговори за иднината на Унијата.

Во документот прецизно е наведено дека Западен Балкан треба да биде дел од иницијативата на Конференцијата за иднината на ЕУ, која беше започната во рамките на овој блок. Ова, навидум, не е баш во дослух со актуелниот спор што го наметнува соседна Бугарија. Но самиот факт што во документот се бара европска конференција за европските интеграции, неминовно упатува на нужна интернационализација и на конкретниот проблем во засега билатералните македонско-бугарски односи.

Секако дека намерите и желбите се едно, а реалноста нешто сосема друго. Благодарејќи на интензивната дипломатска активност на целиот државен врв, републикава доби, речиси неочекувано, силна и максимално транспарентна поддршка за својата евроинтеграција. Оттука, ако јуни е кус рок за надминување на пречките и доколку Европа остане со динамиката на сегашната посветеност, тогаш би било реално до крајот на оваа година земјава сепак конечно да ги почне директните преговори на својот пат кон полноправно членство во Европската унија.

Значи има надеж и за добри вести. За оние и онакви  кои ќе го задржуваат нашето внимание на подолго и кои нема така брзо да испаруваат од нашата меморија како онаа за македонските кардиохирурзи кои минатиот месец го триплираа подвигот. За хероите кои го вградија третото природно срце и кои даруваа уште еден човечки живот.

Секако дека не можеме, особено не медиумски, да избираме меѓу животот и политиката. Тие процеси се нераздвојни. Затоа пак катадневно можеме да упатуваме дека политиката може и мора да биде во функција на човечноста наспроти политиканствата, наспроти лагата и пизмата.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ