• Latest

Меѓународна акција во борба против дрогата

June 26, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународна акција во борба против дрогата

June 26, 2018 13:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат безброј различни причини поради кои човек започнува да користи дрога, но крајниот резултат е речиси секогаш ист. 

Малкумина ги негираат штетите од дрогите, а сепак, љубопитноста во однос на користењето на дрогите особено меѓу младите е на завидно ниво. Како една од најчестите причини се наведува оравдувањето дека сите други користат и дека сакаат да се вклопат во некои друштва, дека дрогата им помага во стресни ситуации, дека се љубопитни бидејќи ги гледаат на филмови на телевизија или дека не се зависни и дека може да се откажат кога сакаат.

Од страна на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации, 26 јуни се смета за Меѓународен ден на борба против дрогата и нелегална трговија со наркотици, според резолуција донесена на 7-ми декември 1987 година.

Поттик за ова бил и зголемениот број на луѓе кои користат дроги, ризикот од употребата по нивниот живот, како и проблемите со кои се соочуваат најголемиот број земји во светот, како резултат на илегалната трговија со дрога.

Овој ден секоја година се одбележува со разни јавни дебати, акции и кампањи во организација на Организацијата за дрога и криминал при Обединетите нации.

Денес дрогите претставуваат значаен предизвик за целото општество, а особено за младите. Се смета дека во светот 200 милиони луѓе земале дрога барем еднаш годишно. Во светот постојат 25 милиони луѓе кои се зависни од дрога. Секоја година во светот 200.000 луѓе умираат од болести поврзани со употребата на дроги.

Според Европскиот извештај за дрога 2018 , Естонија, Шведска, Норвешка, Ирска, Велика Британија и понатаму се со највисоки стапки на смртност од предозирање во Европа, според бројките откриени во новата студија за дроги во ЕУ.

Ирска е рангирана како четврта највисока земја во Европа кога станува збор за смртни случаи со предозирање предизвикани од дрога, заедно со Обединетото Кралство и зад Норвешка, Шведска и Естонија.

Трговијата со дроги е сè уште најпрофитабилниот бизнис во светот, поврзан со организиран криминал. Дрогите проникнуваат во економиите низ светот со милијарди евра поврзани со перење пари и корупција.

Илегалната употреба на дрогата ги прави корисниците неприфатени од општеството, и таа влијае на квалитетот на животот. Стигмата и дискриминацијата кон овие лица е значително изразена.

Најзасегнати со проблемот на употреба на дрогите се младите, кои најчесто од љубопитство и под влијание на нивните врсници започнуваат да експериментираат со дрогите, незнаејќи до каде употребата на дроги може да ги доведе во животот.

Македонија по шести пат се вклучува во кампањата „Поддржи. Не казнувај.“ која се одржува по повод Меѓународниот ден за борба против дрогите.

По повод оваа кампања Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје организира панел дискусија: „Рекреативна употреба на дроги“, која има за цел преку отворена дискусија да ги опфати најбитните моменти од употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети.

А. Петровска 

Tags: дрогиЕУизвештајилегални дрогиМакедонијаОНХОПС
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ