• Latest

Мехмети: За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад, министерството за животна средина за 2023 година го има најмалиот буџет

October 24, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Мехмети: За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад, министерството за животна средина за 2023 година го има најмалиот буџет

October 24, 2023 12:21
in ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад. Од тоа што знаеме, министерството за животна средина, во буџетот за 2023 година го има најмалиот буџет, со 0, 7 отсто, каде што замислете, издвоениот годишен буџет за републичките инспектори за животна средина е смешни 4000 евра, вели Нгадњим Мехмети од Еко герила на петтиот панел на Зелен Цивил на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?

„Ова е потценувачки, со ова не може  ништо да се постигне. Најголемиот проблем тука е метастазирањето на културата на неказнивост во Македонија. Кога гледате како се третираат судски монтирани процеси, каде изгореа 14 луѓе, каде загинаа луѓе со автобусите, и ништо не се воведува… И потоа, да зборуваме за животна средина можеби е луксуз  во оваа земја. Проблемот е во големата слика дека метастазирањето на културата на неказнивост – не знаеме која онкологија може да ја спаси Македонија од овој рак.“, вели Мехмети.

Тој во кратки црти ја раскажа ситуацијата со грижата за градските површини од страна на надлежните институции во Тетово.

„Замислете, Тетово дваесет години нема ниту една цистерна за миење улици со вода. Ниту една, нула. Се користи некој ФАП од пожарникарската служба од седумдесеттите години. Врие од прашина по улиците, дваесет години ништо нема, зелени површини нема, буџетот е нула за инвестирање. И оние мали зелени јавни површини што се, во последните години локалната власт во соработка со урбаната мафија, ги затвори очите пред сите нас, зелените површини да се рушат, да се бетонизира, да се претворат во паркинзи кои според закон за изградба на објекти, се предвидува колку паркинзи треба да има. Кога се даваат дозволите, на хартија ги имаат, а во пракса не се спроведува, па така се жртвуваат зелените површини за бетонизирање и на таа мала јавна зелена површина.“

Мехмети ги спореди другите општини во однос на општина Тетово, за големината на  зелените површини.

„Ако градскиот парк во Скопје има околу сто и триесет илјади метри квадрати зелена површина, ако Битола има околу 92,000, и Струмица околу осумдесет и пет  илјади, во Тетово имате смешни осум илјади квадратни метри само еден парк“, посочува Мехмети.

Локалната власт, исто како централната, се бави со популизам, ништо не мрднува од место, и проблемот со животната средина во однос на економските проблеми на граѓаните им изгледа како луксуз, вели Мехмети во однос на тоа дали се гледа некакво решение во иднина.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

М. Д.

Tags: „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“Зален ЦивилЗелен форум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ