• Latest

Милошоски, дигни рачна!

October 25, 2017

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милошоски, дигни рачна!

October 25, 2017 12:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната прес-конференција, случајно или намерно, Антонио Милошоски ги призна сите изборни манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше изминатите 11 години!

„На Република Македонија и понатаму ѝ се случуваат едни избори во кои што се загрозени основните демократски процеси и со кои што директно се врши влијание врз изборната волја на гласачите“, изјави Милошовски, како добар познавач на контиуитетот на сите изборни нерегуларности во Македонија.

Милошоски истакна дека ова се избори каде што сè уште, со сеење омраза и со закани, се атакува на ограничувањето на основното право на граѓанинот – правото на слободен избор. И заклучи дека не е страшно што ова се случува речиси во сите општини каде што ќе има втор круг на гласање, туку дека е поопасно што нема заштита од државните институции. Според него, многу државни институции се дел од овој процес на вршење притисок врз граѓаните. Познато нели?

По примерот на својот лидер, Милошоски ги оцрни локалните избори и предупреди на голем број можни нерегуларности во вториот круг. Закани, уцени, притисоци, следење на членови и активисти на партијата, според Милошоски, се само дел од нив.

„Додека сето ова се случува, за жал, имаме и еден гласен молк и игнорирање од набљудувачките мисии ОБСЕ и ОДИХР. Ние сметаме дека ОБСЕ и ОДИХР мора поактивно да вложат напори и да бидат вистински набљудувачи и да ги осудат сите вакви појави на закани, изборна корупција и на изборен  инженеринг“, изјави Милошоски.

Останува дилемата: како сè досега, на сите изминати изборни процеси, Милошоски и неговата партија немаа никаков слух за сите пријави и извештаи како на меѓународните, така и на домашните набљудувачи, и не чувстуваа потреба да повикаат на одговорност? Ни телефонските шушкања на Јануловска за „човечињата“ кои гласаат и за личните карти, или за жителите на „Максим Ѓорѓија“, воопшто не ги загрижуваа, сè додека не ги загубија изборите…

Се разбира, резултатите секогаш беа во нивна корист. Сега, одеднаш, откако ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз од досега невидени размери, во партијата имаат чувство за изборни нерегуларности?

„За сите вакви изборни документирани насилства, закани, притисоци или уцени, одговорност ќе мора да има“, заклучува Милошоски.

Секако! Но, ајде да почнеме со ред.

Преземете одговорност за сите изборни циклуси во изминатите 11 години.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Максим Ѓорѓија“заканиизборни манипулацииЈанкуловскаМилошоскинерегуларностиОБСЕОДИХРуцени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    165 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ