• Latest

Министерката Петровска и амбасадорот Бомгартнер на „Македонско – француски разговори за одбраната” со студенти

December 22, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Министерката Петровска и амбасадорот Бомгартнер на „Македонско – француски разговори за одбраната” со студенти

December 22, 2022 16:32
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во ЕУ инфо центарот се одржаа „Македонско – француски разговори за одбраната“ меѓу министерката Петровска, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и студенти кои ги следат одбранбените прашања.

На панелот беше објаснет развојот на македонско-француската одбранбена соработка, набавката на системот за противвоздушна одбрана од Франција, како и европерспективата на Република Северна Македонија.

Три настани ја одбележаа нагорната линија на одбранбената соработка меѓу двете држави – потпишувањето на Договорот за соработка во одбраната во октомври во Париз, воспоставувањето на Стратешкото партнерство во областа на одбраната и потпишувањето на Договорот за набавка на систем за противвоздушна одбрана.

„За да бидеме успешни, за да бидеме рамо до рамо со сите останати земји кои се долго време членки на Алијансата, потребно е постојано да вложуваме, да инвестираме и постојано да се подобруваме – овој договор е еден од механизмите како тоа ќе го постигнеме“, истакна Петровска.

Во контекст на одбранбената соработка, амбасадорот Бомгартнер, истакна дека договорот ќе овозможи оперативна соработка, соработка на стратешки план, како и размена на офицери, воени кадри и посета на терен, како и стратешки консултации.

Амбасадорот ја поздрави и одлуката за испраќање на двата вода во Бугарија и Романија, како дел од зајакнувањето на НАТО одвраќањето на источниот блок. „Тоа покажува дека Северна Македонија полека си го зазема целото заслужено место во рамки на Алијансата. Среќен сум што во тие рамки, француската армија и македонската армија се рамо до рамо, затоа што во Романија, Франција е рамковната нација за распоредување на тие единици во рамки на НАТО, потенцираше Бомгартнер.

Во однос на набавката на системот за противвоздушна одбрана, министерката Петровска истакна дека Министерството за одбрана и Армијата имаат уставна обврска да ја гарантираат безбедноста на државата и територијалниот интегритет.

„За конкретниот случај за набавката на ПВО, тој се набавува за потребите на националната одбрана, но се разбира се набавува и за потребите и на колективниот систем на одбрана. Овој систем кој беше разгледуван меѓу повеќе системи кои се произведуваат од ваков вид во светот, се покажа дека е еден од најдобрите, најуспешните и со најдобри перформанси. Одлуката ја донесоа експертите од Армијата кои имаат многу поголемо искуство од мене или од било кој во оваа држава во оваа проблематика, а на тоа претходеше цел еден сериозен процес на испитување на ваквиот тип на опрема на светскиот пазар “, потенцираше Петровска.

На настанот учествуваа и студентите од Факултетот за безбедност, Северноатлантскиот совет на Северна Македонија и младите франкофони во земјава, кои поставуваа прашања до министерката и амбасадорот врзани со развојот на одбранбената соработка.

На прашање од студентите врзано со евроинтеграцијата на Северна Македонија, амбасадорот Бомгартнер истакна дека „земјата се наоѓа на патот на европската интеграција, понекогаш имало забавувања, но тој пат сега е навистина потврден“.

„Забележуваме дека сега можеби има неизвесност во општеството во однос на европската иднина. Но јас лично немам никаков сомнеж и ќе ви кажам дека Европската Унија генерално се подготвува да ве интегрира, но и ви го велам тоа за да ве охрабрам, но и да ве направам поодговорни“, потенцираше францускиот амбасадор Бомгартнер.

Tags: амбасадорМинистерство за одбранаодбранастуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ