• Latest

Министерот Бочварски во Берово ги претстави поедноставените постапки за поставување фотоволтаици

December 9, 2022
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерот Бочварски во Берово ги претстави поедноставените постапки за поставување фотоволтаици

December 9, 2022 12:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети општина Берово при што со градоначалникот Звонко Пекевски пред граѓаните ги претставија поедноставените постапки за поставување фотонапонски електроцентрали, по неодамнешните измени на Законот за градење.

Целта како што истакна министерот Бочварски е општините да почнат со најлесна постапка да постават фотонапонски електроцентрали на крововите на своите објекти, со што ќе придонесат за намалување на сметките за електрична енергија, а од друга страна ќе помогнат на целиот енергетски систем во државата.

-Оваа постапка веќе е усвоена и драго ми е што веќе граѓаните ја препознаваат и аплицираат во општините за поставување фотоволтаици по новата процедура. Тоа е најкратка постапка со која што имаме доставување само на проект со архитектура и електрика фаза во општината и само информација или известување до општината за тоа дека тоа правно или физичко лице ќе постави фотонапонска електроцентрала на својот објект. Притоа нема да чекаат било какви процедури и постапки во општините за добивање решение за поставување на ваков тип на објекти на своите кровови и да може веднаш од наредниот ден да почнат со поставување на ваков тип објекти на своите кровови, рече Бочварски.

Иако досега, како што посочи министерот, за процедурата се чекало по 30 дена за да се изготви едно вакво решение од страна на локалните самоуправи, денеска за тоа е потребно само еден ден, преку информирање на општината со доставување на скратена процедура на скратен основен проект за поставување на ваков тип на објекти.

-Ова е начинот како ќе помогнеме на граѓаните во оваа енергетска криза и ова е навистина придобивка за сите и заради тоа сме овде и ќе бидеме на терен и во другите општини што е можно повеќе да го презентираме овој модел за оваа постапка за да граѓаните во поголем обем да почнат со поставување на фотоволтаици.  Уште еден аспект е аспектот на загадувањето дека ова е најеколошки исправен начин на производство на електрична енергија и верувам дека ќе биде од корист на сите, додаде Бочварски.

Постапката се однесува за поставување на фотонапонски електроцентрали на покрив на објектите за физички и на правни лица, за физички лица или домаќинства до 6 kw поставувањето е без никакви одобренија и за правни лица до 40 kw, со што, според министерот, се решава ова прашање на најбрз можен начин за граѓаните во текот на оваа зима да можат да инсталираат вакви објекти на своите покриви.

-Во однос на поставувањето на електро централи на земјиште останува постапката со изготвување на урбанистички план, со што ќе бидат вклучени сите институции засегнати во процесот, бидејќи овде имаме и земјоделски површини каде треба да биде вклучено и Министерството за земјоделие, а се вклучуваат и МЕПСО и ЕВН и општините како исклучително важни органи и институции кои што знаат на територијата на својата општина каде е возможно, а каде не да постават вакви објекти. Од тој аспект во делот на поставување на фотонапонски електроцентрали на земјиште потребно е изработка на урбанистички план и документација која ќе се предвиди прво пренамена на таквата површина од земјоделско во градежно земјиште за истата да може да биде поставена, рече министерот.

За градоначалникот Пекевски денешниот настан ќе биде од огромна корист за граѓаните на Општина Берово, кои во солидна бројка пројавиле интерес за поставување на фотонапонски централи  на своите кровови и објекти.

-Верувам дека имаме голема заинтересираност од граѓаните, имаме неколку барања до општинската администрација, со временски период и јасно утврдени насоки и временскиот рок и роковите кои што треба да бидат процесуирани и начинот на кој би добиле одобрение за градбаи истите да отпочнат со сопствените инвестиции. Верувам дека тоа ќе биде од огромна полза за информираноста во пресрет на енергетската криза со која се соочуваме, рече Пекевски.

Tags: Бочварскифотоволтаици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ