Кривичниот суд денеска продолжи со судењето на седумте обвинети за случајот „Монструм“. Во судницата биле присутни дел од обвинетите и семејствата на загинатите.
Но, како што се изјаснија од Министерството за правда на Република Македонија, не можат да обезбедат одговор на барањето на претседателот на Судскиот совет, Огнен Ставрев, кој денеска по трет пат се обратил до министерството да се информира за постапката. Од министерството известуваат дека постапката е во тек, но се уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.
Судијата, Ставрев, изјави дека барањето до Министерството за правда било доставено на 21.12.2018 година.
Основниот суд во Приштина на 29 октомври 2015 година донесе одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“.
Откако го превзеде СЈО, овој предмет е вратен повторно во судска постапка, од страна на Врховниот суд, откако на доживотна казна за убиството на Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефановски беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ ( како првообвинети), Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.
Ј.М.П.