Никола Тодоров, по многуте скандали во здравството, во јавноста познат и како „Министер за смрт“, најави оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, за – како што вели – да се посветел на „својата основна професија како адвокат“, како и да „можам, да дадам поголем придонес во партиските активности“.
Во јавноста веднаш експлозија на најразлични коментари за неговата објава.
„Имаш инсталирано апликација за адвокатура?“, „Јас па мислев медицина ќе студираш, па на следните избори министер за транспорт и врски ќе бидеш“…, се само дел од реакциите на граѓаните.
Истиот Тодоров, минатата недела помпезно ја најави изградбата на новиот Клинички центар за што ќе бидат потрошени 72 милиони евра.