• Latest

Миљовски: Проектот „Скопје 2014“ е апсурд!

August 25, 2016
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Миљовски: Проектот „Скопје 2014“ е апсурд!

August 25, 2016 14:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поттикнати од проблемите со кои се соочуваат градбите покрај Кејот на Вардар, а се дел од проектот „Скопје 2014“, ЦИВИЛ Медиа разговараше со магистерот Божо Миљовски, градежен инженер, кој зборува за ризиците од поплави и избивање на подземни води како резултат на градењето на брегот на реката Вардар, и тврди дека пак ќе ни се повторат поплавите!

ЦИВИЛ Медиа: Кои се пропустите при регулацијата на реката Вардар и колку таа влијае врз новите градби покрај Кејот?

МИЉОВСКИ: Регулaцијата на Вардар е едно од најголемите дела што социјализмот му ги направи на Скопје,  да го регулира Вардар и да му даде физиономија на градот. Меѓутоа, се направи пропуст. Кога е правеше регулацијата на насипите, тие немаат глинено јадро на средина, за кога ќе доаѓаат големи води, водата да не проаѓа низ насипите и да не ги поплавува, туку да ја зголеми подземната вода во околината на реката. Оттука, се избегна решението Вардар да се направи со терасасти езера. Со терасастите езера, водата ќе влегуваше зад насипите. Кога веќе се направи тој пропуст, сите градители заборавија дека насипите го штитат од поплава, но подземните води си влегуваат, и градат згради околу Вардар на кои подрумите им се полнат со вода оти хидроизолацијата не е направена како што треба. Кога дојдоа ‘преродбениците’, заборавија на тој режим кој мора да се почитува. Не смее од слободното лице на реката да му одзема никој, а направија неколку мостови кои што од 17 до 23% им одземаат од коритото. Без да прашаат некого, градат внатре во реката. Ставаат бродови, тркала… Ќе се случи пак ова што се случи пред некој ден! Кога го граделе автопатот, никој не направи анализа на 25-годишната и 50-годишната можност од поплави кои се случуваат во циклуси, и се случи ова што покажа дека немало студија воопшто! И тоа ќе ни се случи и со Вардар. Тие кажуваат дека со изградбата на Козјак е избегната таа можност, затоа што скалилата се на задржување со Матка, Св. Петка…, но Лепенец од другата страна е слободен. Тие не можат да си земат за слобода и да претпоставуваат! Вардар си има проточен профил кој е загарантиран и не може да се гиба!  Кога ќе се случи ова што се случи со поплавите, Вардар да надојде многу и да настанат попречувања. За време на  поплавите во 1964 година,  тука бев кога го миниравме малото мовче, затоа што ја запре и ја сврте водата кон Вардар. Направено беше решение да се крене за два метра, но тоа не се направи. Ние сега направивме 100 пречки во реката.

ЦИВИЛ Медиа: Колку пречките што се изградени во реката Вардар, конкретно галиите, ќе влијаат доколку имаме поголеми врнежи? Дали ќе се смени коритото на река Вардар?

МИЉОВСКИ: Не, регулацијата на реката Вардар е солидно направена и водата ќе си тече тука. Но, тие галии ќе ги собере и ќе ги однесе кај мостовите и ќе се направи пречка која ќе ја спречи водата да тече и ќе почне да тече низ градот. Тоа се непромислени работи, како и мостовите, така и ова. Кога одите во Париз и се возите по Сена, ќе видите што значат мостовите, тие се архитектонско дело. Кај нас, мостовите ги прават градежници. Градежниците не се за урбани мостови, градежниците се за надвор, во град – архитектите треба да ги парват, оти мостовите се архитектонско дело. Овие мостови ги градат со челични конструкции, мостовите мора да си имаат своја физиономија, треба да бидат направени – да „ползат“ на реката, а не да штрчат.

ЦИВИЛ Медиа: Дали тоа значи дека новоизградените објекти кои се дел од проектот „Скопје 2014“, се на градежниците, а не на архитектите?

МИЉОВСКИ: Видете, проектот „Скопје 2014“, не е за коментирање. Тој е апсурд, канонади од столбови за да ја вратиме антиката, тоа е глупост! Но, така се нафрлени околку реката, што половина од подрумите им се полнат со вода, затоа што не земале во предвид дека треба да се кренат. Ќе ви кажам еден случај. Сега доделија три локации за хотели од другата страна кај стадионот, и ме прашаа на кое ниво треба. Јас им кажав дека мора да се кренат над нивото на насипот, затоа што утре ќе дојде поплава, и ќе ви ги наполни со вода. Тоа се резони кои мора да се почитуваат.

Новинарка: Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: архитектураВардарМакедонијапоплавиСкопје 2014Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ