• Latest
Фото: Скриншот

Мирни антирасистички собири низ Британија, намалени стравувањата од екстремно десничарско нарушување

August 8, 2024

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мирни антирасистички собири низ Британија, намалени стравувањата од екстремно десничарско нарушување

August 8, 2024 09:17
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

„Успешна ноќ“, вели началникот на Мет полиција, Марк Роули по претежно мирните собири низ Англија
Тој вели дека „стравовите од екстремно десничарско нарушување се намалени“, откако демонстрантите против расизмот се собраа во градовите и населбите во средата навечер.

Илјадници демонстранти против расизмот се собраа во градовите и населбите низ Англија во средата навечер, пренесува Би-би-си. Тие се собраа како одговор на еднонеделните антиимиграциски немири, предизвикани од дезинформациите за смртоносниот пробод со нож во Саутпорт на 29 јули

И владата и полицијата ќе внимаваат да видат дали ситуацијата конечно ќе се смири, по немирите во кои беа уапсени повеќе од 400 лица, а 140 обвинети

Илјадници полицајци вчера беа мобилизирани ширум Британија поради стравувањата од нова рунда антиимигрантски немири, откако екстремно десничарските групи повикаа на дополнителни протести. Но, протестите беа главно мирни со неколку сериозни инциденти, откако големите демонстрации на екстремната десница не се реализираа, а беа извршени само неколку апсења, пренесува Њујорк тајмс.

Наместо тоа, илјадници антирасистички демонстранти се собраа низ целата земја, вклучително и во Бристол, Бирмингем, Ливерпул и Лондон. Некои од тие демонстрации беа блиску до места кои беа идентификувани како потенцијални цели на бунтовниците.

Во Ливерпул, луѓето тропаа на тапани, извикуваа „Фашистите надвор!“ и држеа знаци на кои пишуваше „Љубов, не омраза“, „Без имигранти нема кебаб“, додека хеликоптер кружеше над главите. Собирот беше разновиден, составен од локални жители кои беа изненадени што нивната улица стана центар на демонстрации, како и синдикални групи и други кои изразија осуда на неодамнешното насилство кога екстремно-десничарските демонстранти се судрија со полицијата, запалија автомобили и гаѓаа џамии и хотели во кои се сместени баратели на азил во текот на изминатата недела. Хаосот делумно беше поттикнат од онлајн кампањата за дезинформација по смртоносниот напад со нож на детски настан во северозападна Англија.

Драган Мишев

Tags: анти расистички протестиВелика Британија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ