Новинарката Јасмина Миронски на панелот на ЦИВИЛ на тема „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“ се осврна на својата долгогодишна работа во странските медиуми, и низ разговорот посочи на разликите помеѓу пропагандата и дезинформациите што се пласираат во медиумите.
Речиси 27 години работев за агенцијата Франс прес и за многу други странски медиуми, како СНН, Њусвик, Ди –Велт, Лос Анџелес Тајмс и други, и тоа огромно искуство ми дава за право да извлечам некој заклучок, што би била клучната разлика меѓу насоките во медиумите од тој свет, западно развиениот, и она што се случува можеби кај нас или на овие простори. Пред се, најчесто таму се внимава и се пренесува –веста. Се пренесуваат фактите и веста, а потоа се коментираат истите. Во денешното модерно време ние имаме мешање на жанрови. Меѓутоа, за да можеш да ги мешаш жанровите, треба многу добро да ги познаваш. Агенциите се нарекуваат фабрики за вести, имаме вести, имаме пренесување информации, а потоа евентуално прават анализа. Ретко имаме коментар.
И во вакви ситуации, обично и нема некои посебни насоки од уредништвото, но некако имам чувство дека новинарите се повеќе, не само кај нас, туку насекаде во светот, знаат што би се допаднало на уредништвото, и не би поминало, па самите си применуваат некој вид, условно речено, автоцензура, и така се однесуваат и така се определуваат.
Во новинарството е многу важно да се биде објективен, новинарството се базира на вистинитост, на податоци, на факти, на точност, на навремени информации и на едукативност, меѓу другото. Меѓутоа, ерата во која живееме, динамиката со која се соочуваме, напливот на вести на социјалните медиуми, тоа е едно, не море, тоа се лавина од информации, фотографии и видео клипови, и сега во сето тоа, многу е тешко да си сигурен што е вистина а што не е, што е дезинформација, а што е пропаганда, затоа што има разлика помеѓу едното и другото, но на крајот на денот, и едното и другото имаат за цел да заведат или да насочат, посочува меѓу другото Миронски.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети