• Latest

Митрески: Софија во минатото одбиваше Бугарите да бидат внесени во Уставот – тоа беше наше барање, со уставните измени се разграничуваат македонскиот и бугарскиот народ, Мицкоски не беше против ова

November 2, 2022

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митрески: Софија во минатото одбиваше Бугарите да бидат внесени во Уставот – тоа беше наше барање, со уставните измени се разграничуваат македонскиот и бугарскиот народ, Мицкоски не беше против ова

November 2, 2022 20:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вели дека на лидерската средба ќе се зборува за европската иднина на земјата, односно за сите прашања поврзани со евроинтеграцијата, а не само за уставните измени.

Во гостувањето во „Само вистина“ тој повтори дека сите партии се согласни дека стратешка цел е членство во ЕУ.

-Ќе се зборува за влегувањето на Бугарите во Уставот, но сите партии што сме определени за ЕУ треба да разговараме на една таква средба. Лидерската средба, покрај претседателите на партиите, ќе биде со учество и на пратениците или претставници на пратеничките групи. Поканети се сите што се определиле за евроинтеграцијата, истакна Митрески.

Тој кажа дека барањето за внес на Бугарите во Уставот во минатото било всушност барање на Скопје, а не на Софија.

-И пред ние да бидеме на овие позиции, во 90-тите, 2001-ва, па мислам и во 2018 година, било наше барањето Бугарите да бидат внесени во Уставот, но тогаш Бугарите не сакале да бидат внесени во Уставот. Според нив, тие ни ја признаваат државата, но велат дека станува збор за еден народ во две држави. Вака, со уставните измени, ќе се разграничат двата народа, македонскиот и бугарскио во Уставот, рече Митрески.

 Со уставните измени се разграничуваат македонскиот и бугарскиот народ, Мицкоски не беше против ова

Ако ги вратите изјавите на Мицкоски од јули, тој кажа дека нема никаков проблем за внесувањето на Бугарите во Уставот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Само вистина“.

Тој се надева ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за уставните измени.

-Никој во нашата држава немаше против вклучувањето на Бугарите во Уставот. Така се прави разграничување меѓу македонскиот и бугарскиот народ, рече Митрески.

Според него темата на лидерската средба е европскиот пат на нашата држава и прашањето кое исто така ќе биде поставено е вклучувањето на Бугарите во Уставот.

Тој очекува ВМРО-ДПМНЕ, како што еднаш ги поддржало антикризните мерки, повторно да се „надминат“ во следниот период, бидејќи, како што вели, станува збор за сериозен период, но и за сериозна криза, која се чувствува секаде во светот, најмногу во Европа.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ