• Latest

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новата влада

June 16, 2024
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новата влада

June 16, 2024 21:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седници ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мандатор на идната Влада, денеска на прес-конференција ги соопшти имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новиот владин состав.

Како што соопшти Мицкоски, највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат: министер за одбрана да биде Владо Мисајловски, министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, министер за внатрешни работи да биде Панче Тошковски, за надворешни работи Тимчо Муцунски, а за транспорт и врски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој ќе биде и вицерпемиер. Министер за Локална самоуправа, Златко Перински. Сања Божиновска е предложена да го води новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, а Весна Јаневска да биде министерка за образование и наука. За министер во Министерството за дигитална транзиција се предлага Стефан Андоновски, во Земјоделство – Цветан Трипуновски, во Култура и туризам – актерот Зоран Љутков, во новото министерство за спорт министер да биде Борко Ристовски, а Љупчо Димовски од Социјалистичката партија да биде министер без ресор, задолжен за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик претседател на владата задолжен за ресорот Однос со заедниците и Шабан Салиу министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема доверба и полагам голема надеж. Доаѓаат убави времиња за државата и народот, истакна Мицкоски.

Тој рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд 22-23 јуни.

Во владата, која е реорганизирана со законски измени усвоени во Собранието, и ќе има 20 министерства, ќе учествуваат претставници на коалициите „Твоја Македонија“, „Вреди“ и од партијата ЗНАМ.

Официјални предлози за министри претходно соопштија Беса, ЗНАМ и Алтернатива кои беа утврдени од нивните партиски тела.

Собранието на партијата Беса на Биљал Касами, која е дел од коалицијата „Вреди“, на состанок во четвртокот одлучи за членови во новата Влада да ги кандидира Фатмир Лимани – за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши – за министер за економија и труд и Седат Сулејмани  за заменик-министер за култура и туризам.

Централното претседателство на Алтернатива, пак, синоќа го избра Орхан Муртезани за нивни кандидат за министер за европски прашања, Лулзим Алиу за кандидат за заменик-министер за образование и наука и Сафије Садики-Шаини за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Досегашниот лидер на оваа партија, Африм Гаши, е претседател на Собранието.

Од другите партнери во коалицијата „Вреди“, според изјави во медиуми, извесно е дека лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија,  а лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари – министер за здравство.

На седница на партискиот Централен одбор, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во петокот ги утврди своите кандидати со кои ќе партиципира во владата –  Игор Филков е нивниот кандидат за министер за правда, а Горан Минчев – кандидат за министер за јавна администрација.

Од партијата на Максим Димитриевски соопштија дека преговараат и за две заменик министерски места, но ресорите не се дефинирани, а од нивните редови е еден од тројцата потпретседатели на Собранието – пратеничката Весна Бендевска.

Прв закон усвоен по конституирањето на новиот парламентарен состав беше за реорганизација на владата (измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа) донесен на 8 јуни, со што се создадоа услови за формирање на новата влада.

Бројот на министерства се зголемува од 16 на 20 бидејќи се воведуваат нови: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; Министерство за спорт; Министерство за дигитална трансформација и Министерство за европски прашања – кое досега беше на ниво на секретаријат.

Надлежностите/секторите на некои министерства се пренесуваат во други, така што ќе имаме Министерство за економија и труд; Министерство за социјална политика, демографија и млади; Министерство за култура и туризам.

Новата влада треба да биде формирана пред истекувањето на рокот од 20 дена кој почна да тече од  6 јуни, кога претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му го додели мандатот за формирање на Владата.

Јане Ѓорѓиоски

Tags: владаВМРО-ДПМНЕминистриМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ