Весел Мемеди од Национална демократска преродба (НДП), беше еден од говорниците на јавната дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода која се одржа на 10 мај 2016. Тој зборуваше за негативниот ефект кој ќе го осетат сите граѓанки и граѓани во Македонија, доколку се одржат избори на 5-ти јуни.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=CvpTFD6ocUk[/youtube]
“Без решение, не може да има избори. Во Македонија во ниту една варијанта не може да се разговара за датум, сѐ додека нема реформи. Последиците ќе бидат многу тешки за државата и граѓаните ако се оди на избори на 5-ти јуни. Решението е во експертска влада, за национален спас. Без враќање на владеењето на правото, не може да има избори” – истакна Мемеди.
Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.