• Latest

Могерини: Македонија направи позитивни чекори кон стабилизирање на односите со соседите!

August 9, 2017
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Могерини: Македонија направи позитивни чекори кон стабилизирање на односите со соседите!

August 9, 2017 15:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На писменото прашање во врка со ситуацијата во Македонија, на европарламентарецот и заменик-претседателот на Европскиот парламент, Димитрис Пападимулис, упатено до Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ,  Фредерика Могерини во одговорот напишала дека ЕУ покажува целосна и континуирана посветеност кон Македонија и регионот во целина.

Како што јавува МИА, Пападимулис писмото го испратил на 4 мај и во него нагласил дека „Македонија е поткопана од континуирана политичка нестабилност, со политички и меѓуетнички раздор што се влошува“. Пападимулис во писмото уште напоменал дека „се интензивира климата на политичко ривалство, постои континуирана несигурност во прашањето за формирање влада, постојат обиди да се замолчат медиумите, независноста на судството е доведена во прашање, а насилството и судирите ескалираат“. Тој тогаш додал и дека ситуацијата во Македонија „ја влошува и националистичката и иредентистичка реторика на албанскиот премиер Еди Рама и политиката на Косово, кои се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од вистинските проблеми на сиромаштијата и корупцијата“.

„Овие појави ја загрозуваат стабилноста и развојот на земјите од Западен Балкан, како и нивниот европски пат“, заклучил Пападимулис.

Одговорот на Могерини е со датум од 27 јули, но грчкиот европратеник го објави денеска, и во него се истакнува дека „присуството и посветеноста на ЕУ кон земјите од Западен Балкан е од витално значење за мирот и стабилноста во регионот и неговото економско заздравување“.

„Во овој контекст, ЕУ ја изрази својата подготвеност да соработува со новата Влада на Поранешната југословенска Република Македонија, која веќе направи позитивни чекори кон стабилизирање на односите со своите соседи“, вели Могерини во одговорот. Таа, исто така, додава дека претставниците на ЕУ во нивните изјави, но и во директните контакти со политичките лидери, постојано предупредуваат дека треба да се избегнува секаква провокативна реторика, како во, така и вон земјите.

„ЕУ промовира мир, помирување и регионална стабилност преку дијалог и консензус, и ќе продолжи да го прави тоа“, нагласува Могерини во писмениот одговор до Пападимулис.

Tags: ЕУЗападен БалканМакедонијаМогериниПападимулисписмостабилност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ