Судот во Москва ја потврди претходната одлука за одземање на лиценцата на независен весник кој го критикуваше Кремљ. Московскиот градски суд ја отфрли жалбата на Новаја газета против пресудата на окружниот суд во септември со која беше прифатено барањето на рускиот медиумски регулатор за одземање на лиценцата на весникот.
Регулаторното тело го обвини весникот дека не го доставил својот редакциски статут до властите навреме, тврдење што Новаја газета го отфрли како покритие за напорите на властите да замолчат независен глас.
Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен и одговорен уредник на весникот, денеска ја критикуваше пресудата, велејќи дека таа „им служи на еден куп луѓе кои сакаат да ја остават нацијата соочена само со пропаганда“.