Печатеното издание на месечниот њузлетер „Слободно општество“ на ЦИВИЛ, редовно објавува повици за хонорарна соработка со организацијата која размислува и дејствува надвор од кутијата. Ова е добра можност за стекнување нови вештини, а при тоа може и да се заработи. И – тоа е само една од можностите…
ЦИВИЛ е во постојана потрага по нови соработнички и соработници кои се прогресивни, креативни, активни и објективни луѓе за ангажман како дописници во медиумските проекти, но и за мониторинг на избори, мониторинг на состојбата на човековите права и слободи, истражувања и активизам.
Нема ограничувања по возраст, пол, стручна спрема, накратко – нема ограничувања по ниедна основа, а ни бројот на соработници не е ограничен. Трудот ќе биде платен врз основа на видлив резултат (на пример: објавен текстуален или видео извештај).
Објавените содржини од соработниците/известувачите, ќе биде хонориран со 1.000 денари бруто.
ЦИВИЛ ќе организира обуки за новинарство и мониторинг за кандидатите за хонорарни позиции, како и за своите волонтери, поддржувачи и членови. Во зависност од бројот на пријавените и местото на живеење, ќе бидат одредени градовите и термините во кои ќе се одржат обуките. Патните трошоци за учество на обуките ќе бидат покриени од ЦИВИЛ.
Испратете кратка биографија (макс. 1 стр.) на една од овие адреси: [email protected]; [email protected]