Бастионот МРТВ треба да се сруши, нема збор. Но, се чини дека се оди од опашката кон главата. Има еден друг бастион во системот, кој е далеку потежок проблем и без чие решавање, македонскиот медиумски простор нема шанси да заздрави. Тоа е агенцијата за медиуми, АВМУ, која ја води еден класичен партиски послушник и во која сѐ уште владее режимот…
Зошто Собранието, но и Владата не се зафаќаат со реформи во АВМУ каде што сѐ уште владее режимската клика на Груевски е прашање со непознат одговор. Дали се работи за толку голем проблем за чие решавање нема политичка волја, а можеби ни капацитети, допрва ќе видиме. Рушењето на бастионот МРТВ нема да ни донесе подобра медиумска слика, ако не се реформира АВМУ, која Груевски ја проектираше да биде по негова режимска мерка, на сметка на поранешниот Совет за радиодифузија.
Џабир Дерала
Цитат од колумната „Бастионот на МРТВ се руши, што со АВМУ? , објавена на ЦИВИЛ Медиа на 5 септември 2020
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.