ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Мултикултурализмот и (не) дискриминацијата во институциите и општеството, денес, со почеток 13, 30 часот.
На настанот ќе се говори за младите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво, низ разговори со неколку општествени и политички чинители.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и Европски прашања на Големото Војводство Луксембург.