Кај нас спротските натпревари, одамна не се спортски, тоа се претежно политички и имаат некаква порака. Ако ги слушнеме изјавите на бугарските навивачи и пред да дојдат во Македонија и за време на нивниот престој во Македонија, во одредени медиуми каде што ги пренесоа, тие воопшто не зборуваа за фудбал. Тие зборуваа дека се во бугарска Македонија, свои на своето“, вели новинарот на ЦИВИЛ Медиа, Дехран Муратов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Неславен ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје“, откако се случи насилство на улиците на Скопје, поврзани со натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје.
„Пред почетокот на натпреварот преку колкумната „Да за спортско, не за националистичко навивање!“ упатив апел до бугарските навивачи својот национализам, примитивизам, омраза, омаловажување, непризнавањето на државата и на македонската нација, да ги остават на граница и кога ќе влезат кај нас да влезат како европски граѓани, граѓани на 21 век. За жал, полицијата не можеше да им го претресе и најде национализмот и омразата што го поседуваат во себе и со тоа влегоа во Македонија. Полицијата можеше само да им ги најде и заплени другите реквизити и пароли“, вели тој.
Муратов потенцира дека пораката што очигледно сакаа да ја пренесат навивачите на Левски е дека тие дошле тука да ја освојуваат Македонија, а не да победат во фудбал. Исто така испратија и нацистички пораки преку бројот 88 што го носеа на маиците. Бројот 88 во нацистичката идеологија го симболизира поздравот „Хајл Хитлер“.
„Но, мислам дека не им се исполни таа агенда со која што дошле“, додава тој.
Муратов нагласи дека немилиот настан со бугарските навивачи треба да е добара поука за во иднина нашите безбедносни служби подобо и поуспешно да се справат со говорот на омраза, национализмот или инцидентите на спортските натпревари.
Д. М.