• Latest

Музичарите со концерт за колегите кои ја изгубија опремата во пожар!

February 10, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Музичарите со концерт за колегите кои ја изгубија опремата во пожар!

February 10, 2017 11:32
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата Friends2Friends (Пријателите за пријателите), со поддршка на граѓанската иницијатива Мрдни со прст / Lëviz me gisht , организира хуманитарен концерт за поддршка на музичарите, на кои неодамна им изгоре студиото и музичката опрема во зградата на „Макотекс“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на 26 февруари во МКЦ, со почеток од 20 часот. За оваа иницијатива Гога Поп-Георгиевски, за Фридом изјави:

„Иницијативата започна неколку дена по пожарот во ‘Макотекс’, сосема спонтано, со цел да им помогнеме на нашите пријатели – музичари. Првиот концерт го направивме во ‘Маракана’. По свирката во ‘Маракана’ се согласивме дека ни треба поголем простор за да се обидеме да направиме нешто поголемо. За среќа, во МКЦ веднаш се согласија да ни го отстапат просторот“, вели Поп-Георгиевски.

За поддршката од колегите, Поп-Георгиевски вели дека воопшто немале проблем да најдат бендови кои ќе се согласат да свират на концертот.

„Имавме многу бендови кои се согласија, дури има неколку бендови кои ненамерно ги изоставивме. Бевме во дилема дали да направиме концерт со многу бендови кои ќе свират по 10 минути, или помалку бендови кои ќе истераат цел концерт. На крајот, се решивме за втората варијанта“, рече Поп-Георгиевски.

На концертот ќе настапат бендовите „Темпера“, „Мугер Фугер“, „Фолтин“, „Сетстат“, „Алтер Виво“, „Милко“, „Јаничари“ и „Конкверинг Лајон“. Билетите во претпродажба чинат 100 денари, а цената на билетот на самиот влез ќе биде 200 денари.

„Покрај средствата кои ќе се соберат од продажбата на билетите, во долниот дел на МКЦ ќе има и изненадување за публиката – продажба на интересни предмети, како дел од акцијата на ‘Мрдни со прст’“, открива Поп-Георгиевски.

„Дојдете да се забавуваме, да слушаме квалитетна македонска музика и заедно да направиме нешто со што ќе помогнеме истата да живее и да се создава“, стои во поканата за настанот.

Маја Ивановска

Tags: Алтер ВивоЈаничариКонверинг ЛајонконцертМилкоМугер фугермузичариопремапомошСетстатсолидарностТемпераФолитн
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ