Министерството за внатрешни работи ги демантираше тврдењата на поранешниот еднодневен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ, дека МВР прислушува членови на раководство на некоја опозициската политичка партија.
„Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели, заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво во согласност со процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти“, наведува МВР во демантот.
Од МВР истакнуваат дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и над примената на ПИ-мерките и дека комисиите во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.