• Latest

МВР треба да ги заштити граѓаните додека протестираат

June 9, 2016

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МВР треба да ги заштити граѓаните додека протестираат

June 9, 2016 17:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за внатрешни работи има законска обврска да ја гарантира безбедноста на граѓаните доколку има јавен настан, собир, протест…“, вели правниот експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Сандра Гавриловска. Таа додаде дека доколку има инциденти за време на протести, МВР може да поднесе прекршочна или кривична пријава, доколку некој/а, поднесе таква пријава до полицијата.DSCN8399

Павле Богоевски, активист на Шарената револуција вели дека вчерашната блокада не беше пријавена во МВР, во смисла на нејзино најавување – 48 часа пред настанот, согласно Законот за јавните собири, со што всушност, беше искористено уставното право на ненајавен протест, но локациите на блокадите беа однапред искомуницирани со полицијата. Сепак, ова не мора да значи дека полицијата треба да стои на страна и да не презема никакви мерки.

„Доколку има мали, импулсивни и изолирани инциденти, како вчерашниот, додека беше блокирана крстосницата кај Соборен храм, полицијата треба да направи тактичка проценка дали е побезбедно веднаш да реагира или да чека редарската служба да побара помош од нив. Вчера имаше мал инцидент кој настана поради провокација и навреда во време на блокадата. МВР можеби ќе донесе тактичка проценка дека во моментот нема потреба од полициска реакција, но тоа не значи дека – нема. Има обврска да го легитимира лицето кое го направило инцидентот откако ќе се оддалечи од толпата и потоа да ги преземе сите мерки кои се во нивна надлежност. Впрочем, тоа го прават со демонстрантите по речиси секој протест. Ние немаме информации дека МВР ниту вчера, а ниту тогаш кога на протестот пред Триумфална капија еден човек физички нападна една активистка, презело какви било мерки. “, изјави за ЦИВИЛ Медиа, активистот Богоевски.

Од МВР, и покрај неколкуте обиди преку електронска пошта и телефон, до објавувањето на овој текст не добивме одговор дали е поднесена пријава за вчерашниот инцидент на крстосницата кај Соборниот храм, кога лице со мотор се втурна во демонстрантите по што беше удрен со шлаканица од еден од нив, и кои се конкретните ингеренции на полицијата ако се случат вакви или слични инциденти за време на протести.

Дехран Муратов

Tags: безбедностМакедонијаМВРПротестЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ