• Latest

МВРО го репризира 24 декември, само без ќотек!

March 29, 2017

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

МВРО го репризира 24 декември, само без ќотек!

March 29, 2017 15:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Циркусот кој го приредуваат деновиве пратениците на ВМРО–ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија,  обидувајќи се со меѓусебни реплики и контра–реплики да го попречат нормалниот тек на конститутивната седница која започна пред речиси три месеци, е флагрантно кршење на Деловникот, на Уставот, а богами и на Кривичниот законик. Ќе запрашате зошто? Веднаш ќе ги посочиме аргументите за најновиот изблик на началничкото лудило, преубави, ем најзбунети мои.

Пишува: Петрит Сарачини

Меѓусебното реплицирање на пратеници од иста парламентарна група и политичка провиниенција е нешто неслушнато, невидено и недозволиво во парламентарната демократија. Но, и за ова лудило, се разбира, пропагандата на власта во заминување има „објаснување“ и обид на рационализирање на лудилото. Интерпретацијата е дека пратеничките групи не се оформени сè уште, па демек, не се знаело во која група припаѓаат пратениците и затоа можеле меѓу себе да си реплицираат.

Вакво аргументирање, почитувани, едноставно, не држи вода, затоа што пратениците се избрани од граѓаните како дел од конкретни листи на партиите и коалициите, на изборите на 11 декември. Тоа значи дека пратениците на ВМРО–ДПМНЕ и на коалицијата предводена од оваа партија се пратеници таа партија, односно коалиција. Тоа не се луѓе, кои се кандидирале како независни пратеници или пратеници на друга партија или коалиција, за да може меѓусебно да си реплицираат!

И, сè додека некој од нив не се јави и не се изјасни јавно дека ќе застапува ставови поинакви од оние на партијата/коалицијата од чии редови е избран од граѓаните, без оглед што формално не се формирани пратенички групи, овие избраници на граѓаните остануваат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот Деловник, што го донесе токму власта, пратениците и мнозинството на Груевски, би требало да оневозможи ваков тип на непродуктивни дискусии и опструкции во Собранието. Тој Деловник беше донесен по фамозното „молчење“ на Талат Џафери, по обидот на опозицијата, преку процедурални опструкции да го оневозможи донесувањето на оној Буџет во декември 2012-та година, и „Црниот“ – 24 декември. Но, сега, со неговата интерпретација и самовластие, претседавачот на конститутивната седница Велјаноски, со помош на „независните вмровци“ кои оркестрирано си реплицираат, повторно (како на 24 декември 2012, само без ќотек), ги крши флагрантно Уставот, Деловникот, а богами и Кривичниот законик, по повеќе основи.

Велјаноски и парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ попусто се трудат да ја одглумат оваа лакрдија на „природен“ начин. Очигледна е координираноста за спроведувањето на овој циркус, што се докажува и преку фотографиите и снимките од однапред напишани реферати со реплики, кои ги добиваат пратениците. Тоа и не е ништо ново за оваа партија, видено е многупати пред тоа, и во Собранието, и во медиумите. Фактите и односот самите говорат за намерата да се опструира конституирањето на најважниот орган во земјава и државата, Собранието на Републиката. Со тоа, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го кршат Уставот и серија закони без да им трепне око, оневозможувајќи го остварувањето на суверенитетот на граѓаните.

Инаку, да се потсетиме, имало случаи во минатото кога пратеници се одметнувале од својата партија/коалиција. Ги паметиме – од најсвежите Солза и Роза кои беа избрани на листата на СДСМ и колаицијата на минатите избори, преку Лиле од ЛДП, познатите расцепи во ДА на Тупурковски  (и на Грујо и Гоца, де), по изборите 1999, или расцепите кои константно ги продуцираше власта и „безбедњаците“ на СДСМ во опозициската ВМРО во раните 90-ти. А, имало и избрани независни пратеници, некогаш, во историјата на плуралистичка Македонија. Еден од нив е, ако не сте знаеле, Тодор Петров, на пример, и тоа во првиот состав на Собранието.

Се знае како се станува независен пратеник и како се прави тоа. Или на избори, на независна листа за која треба да соберете 1.000 потписи, а потоа и 7-8 илјади гласови. Или, се излегува јавно и се кажува (новата) позиција на пратеникот – дека ќе делува независно, или како дел од нова пратеничка група. Тој или таа – има право на тоа. Но, такво нешто од овие пратеници, избрани на избори од листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не слушнавме.

Освен овој аспект, постои и еден друг, кој е уште позагрижувачки и поопасен за правниот систем на земјава, затоа што со овој начин на расправа, се поставува опасен правен преседан. Дали тоа значи дека при секое идно конституирање на Собранието, кога се работите нејасни, демек, секоја малцинска парламентарна група ќе може на ваков начин да го спречува остварувањето на волјата на гласачите? Дали утре-задутре, за секое, макар и најмало законче или најбенигна одлука на Собранието, се отвора можност за било која пратеничка група да ги кочи процесите со месеци, па и со години ако треба?

Затоа, новата коалиција и мнозинство од 67 пратеници треба итно да стави крај на циркусот во Собранието и најновото кршење на Уставот и на Деловникот, и овој нов, демек, бирократски пуч, осмислен во кујната на Пастирот и началниците! Објаснувањата за процедуралната издржаност на овој циркус од Велјаноски и пратениците на власта во заминување, може да помине само пред маалски штаб или задруга, но не смее да помине во јавноста! Не е решение трпењето и молчењето, како одговор на глупостите што се трескаат од говорницата на Собранието од некои од пратениците на власта во заминување. Тоа е оставање небранет простор за омразата и злото, за самовластието и криминалот!

Новото мнозинство веднаш треба да го спречи овој циркус! Дури, можеби е подобро неколку дена да нема ништо во парламентот, отколку ваков циркус, кој може да потрае пар месеци, а можеби и повеќе. Затоа што, како што верувам дека сме се увериле повеќепати во овие години, по овој циркус, началниците ќе смислат нов. Како и многупати досега. Па, тогаш, ќе треба пак да се биде „фин”, „конструктивен“, да се „трпи“’, како со аболицијата на Хорхе, со тоалетниот договор за 24 декември, и со многу примери на флагрантно газење по граѓаните и државата?!?

67 пратеници треба веднаш и цврсто да им го кажат овој муабет на „колегите”. Освен муабетот, одговорот треба да бидат и кривични пријави!

Друго е, да имаше такви јунаци во ВМРО – ДПМНЕ, да излезат и да се дистанцираат од својата партија јавно, па потоа, нека си реплицираат „до миле воље“. Но, додека нема ништо такво, овој циркус може да претставува само нешто, за што во нормални земји се одговара, и тоа дебело. И, како таков, тој не треба да се прифати и одмолчи!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 24 декемвриВМРО-ДПМНЕпартијапратенициседницаСобраниеУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ