• Latest

На 6 јули во Кривичен ќе се слушаат аудуо снимките за предметот „Титаник 2“

May 22, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На 6 јули во Кривичен ќе се слушаат аудуо снимките за предметот „Титаник 2“

May 22, 2018 13:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори, на 6 јули ќе продолжи рочиштето по предметот „Титаник 2“, во кој денеска одбраната даде воведни зборови.

Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Бранителот на обвинетите Тачи и Ибраими рече дека ќе докажат дека немало поттикнување, односно Тачи не му сугерирал на Бедредин да гласа по приговори на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека ќе докажат дека истите избори за кои е покренато обвинението, не се повторени и не е направена материјална штета колку што ја прикажало СЈО.

Според поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими СЈО со невистинити докази  успева да направи правна конструкција. Тој во воведниот говор рече дека ДИК не повлекла никаква одлука на листа на кандидати на локалните избори. За него илеревантни се сите телефонски или кафански разговори бидејќи одлуката ја донел согласно сите законски процедури и стои позади нив.

Адвокатот Боро Тасевски, бранител на Влатко Сајковски, истакна дека не постои логичен редослед на настаните за кои обвинетиот како член на ДИК нема никаква обврска со дејствијата кои му се ставаат на товар.

– Ќе докажеме дека се обвинува за некакво гласање кое му е законска должност, додаде Тасевски.

Одбраната на Сашо Срцев, Димитар Дангов, смета дека обвинетиот и да сакал, не можел да го стори кривичното дело за кое се товари. Кревањето рака за давање глас, според Дангов, не е одлука, туку само глас. Како и во претходни предмети каде што Дангов е бранител, истакна дека аудио снимката која е предложена за доказ е прибавена незаконито од страна на СЈО и не можело да ја користи заради прибавување на други докази.

Бранителот на Анета Стефановска рече дека овој суд нема право да ја оценува одлуката на ДИК и според Законот не може да цени дали таа одлука е добра или лоша, а тоа може да го прави само Управниот суд.

Воведни зборови не даде нити обвинетиот Сашо Мијалков ниту неговата одбрана,  иако судот му го дозволи тоа. (МИА)

Tags: „Титаник 2“Кривичен СудМендух ТачирочиштеСашо МијалковСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ