• Latest
Деца, бегалци од Украина, 28 февруари, 2022

На светскиот ден на бегалците над 100 милиони присилно раселени лица ширум светот

June 20, 2022

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

На светскиот ден на бегалците над 100 милиони присилно раселени лица ширум светот

June 20, 2022 16:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Деца, бегалци од Украина, 28 февруари, 2022

Деца, бегалци од Украина, 28 февруари, 2022

Share on FacebookShare on Twitter

Денес во светот се одбележува 20 јуни – Светскиот ден на бегалците. Годинава овој ден се одбележува под мотото „Секогаш и секаде, секој има право да се чувствува безбеден“. За жал, во моментов милиони луѓе во светот не се чувствуваат безбедни и стравуваат за своите и за животите на најблиските поради воените дејствија кои се одвиваат на териториите на нивните држави.

За првпат во историјата откако се бројат присилно раселените лица, оваа бројка надмина 100 милиони присилно раселени лица ширум светот, што е  двојно зголемување за само 10 години.

Оваа година, од 24 февруари до 16 јуни, како резултат на целосната руска инвазија на Украина, 7,704 милиони луѓе ја напуштиле Украина, ѝ се придружија на оваа огромна група ширум светот.

Според Канцеларијата на високиот комесаријат на ОН, од 14 јуни бројот на Украинци кои заминале во странство по руската инвазија на Украина изнесувал повеќе од 7,5 милиони. Над 3,3 милиони бегалци од Украина добија статус на привремена заштита во Европската унија.

Според УНХЦР, во моментов , во Северна Македонија престојуваат преку 1 000 лица од Украина. Од нив, 243 лица имаат регулирано привремен престој заради хуманитарни причини. Сепак, никој од нив нема статус на заштита.

Народниот правобранител Насер Зибери во соопштението по повод Светскиот ден на бегалците истакна дека предизвикот што оваа година го донесе, е дотолку поголем и заради глобалната економска криза во светот што се јави како последица на двегодишното затворање на границите и сменетиот начин на живеење заради пандемијата на вирусот Ковид-19, но и енормно поскапените цени на прехранбените ресурси, како и нафтата и гасот, и сите овие случувања ги зголемија мигрантските движења, бегалски и хуманитарни кризи, како и страдањата што ги носат истите, а од нив ниедна земја во светот не е поштедена.

– Токму во овие тешки и кризни премрежја од несогледливи размери, хуманоста и човечноста кон оние на кои тоа им е најпотребно треба да надвладее. Во оваа смисла како Институција која континуирано го следи постапувањето кон бегалците, ги повикуваме сите надлежни чинители безусловно да ги почитуваат човековите права и меѓународни стандарди, имајќи го предвид достоинството на овие лица и на тој начин покажувајќи ја својата хуманост и солидарност на дело, апелираше народниот правобранител.

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации, по повод 20 јуни – Светскиот ден на бегалците, вели дека големината на солидарност во државите коишто ги примаат украинските бегалци останува неверојатен. Државите-членки на Европската Унија претходно презедоа претходно мерки со брзото активирање на Директивата за привремена заштита за првпат, обезбедувајќи пристап до заштита и услуги за бегалците од Украина. Други европски држави понудија слични шеми за заштита..

-Државата (Северна Македонија) и жителите покажаа солидарност и ги раширија своите раце за прифаќање бегалци од Украина. Сепак, со оглед на тоа што војната сè уште не е завршена, од најголема важност е сега да се направат сите напори за да им се даде статус на заштита на украинските бегалци, слично со начинот на кој ЕУ и други држави постапија во давање статус за привремена заштита. Солидарноста и милосрдието не се доволно. Добивањето статус им овозможува на луѓето да имаат брз пристап до права, самоодржливост, ја намалува зависноста од прифат и помош, а и им овозможува на луѓето да ги продолжат своите животи и да придонесат кон локалните заедници. Повторно, од витално значење е државата да им обезбеди статус за заштита на Украинците најскоро. Немањето статус на заштита ги ускратува луѓето од слободен пристап до здравствени услуги, образование за децата и други важни права, вели претставничката на УНХЦР во Северна Македонија, вели Сандри.

Во периодот од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок) во Скопје се одржа хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“, во организација на заменик-народен правобранител Јован Андоновски, со поддршка на Амбасадата на Украина во Скопје, на која присуствуваше и Цивил.

„Емотивната побуда за оваа акција е да им се помогне на оние кои останаа без своите домови, спомени, животи, а рационалната со слични примери да се разбуди свеста кај индивидуалците со вакви чекори и акции да бидат директен фактор за позитивна промена на колективната свест. Малку треба да ја разбудиме човечноста во сите нас, со мал чекор можеме да направиме голема промена, затоа сакам од срце да им изразам благодарност на сите кои беа дел од оваа акција, големо благодарам на сите компании, институции, граѓани, пријатели… кои несебично се вклучија во акцијата и секој на свој начин дадоа придонес за успешна реализација на оваа активност, изјави иницијаторот на „Денови на хуманост“, Јован Андоновски, заменик-народен правобранител.

Тој истакна дека овие лица се соочуваат со низа проблеми, како што се сместувањето, недоволните средства кои ги имаат на располагање, и затоа со оваа акција се собираа средства кои им се најпотребни, храна, облека, витамини, суплементи, средства за хигиена, како и парични средства.

Како уште еден проблем, Андоновски го посочи тоа што децата не можат да бидат примени во градинка и училиште, со што им се скратуваат основните права, како правото на образование, згрижување и едукација, како и тоа што за овие лица, без разлика дали се деца или возрасни, не е решен пристапот до здравствена заштита, и покрај ветувањето од тред 2/3 месеци дека ова прашање ќе биде решено. Според Андоновски, државата треба да преземе конкретни мерки.

Има и мали деца, има и возрасни луѓе, и за нив не е решен уште еден проблем, а тоа е пристапот до здравствена зашита. Што е сериозен проблем подади тоа што помеѓу двете дршави не постои билатерален договор за регулирање на тоа прашање. Доколку имаат потреба, тие се приморани сега да платат за услугата, а голем дел од овие лица немаат ниту базични средства за живот.Државата да ја покаже својата големина и хуманост, без разлика колкав е бројот на овие лица,проблемот не мора да се реши со билателарен договор, туку може да се реши и со одлука на извршната власт.

Во организација на УНХЦР, Агенцијата на Обединетите Нации за бегалци, денеска во Скопје, во Градскиот парк и на кејот на Вардар се одржа велосипедска тура со која се одбележа Светскиот ден на бегалците, 20 јуни. Велосипедската тура обедини баратели на азил, бегалци, организации и институции.

И предходно, Северна Македонија  ги покажа хуманитарните аспекти на државата кога се работи за бегалци од со војна зафатени подрачја, кога во 2021 година, во земјава беа прифатени и престојуваа како привремено расселени лица авганистански цивили, кои работеле за меѓународните организации, кои поради состојбата во Кабул, по повлекувањето на Американските сили од Авганистан, беа приморани да ја напуштат својата земја.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ