Учесниците на продемократските демонстрации почнаа да се собираат пред СЈО уште пред 18 часот. Забележливо е дека нема демонстранти од другите градови, но бројот на демонстранти во овој момент ја надминува бројката од 5,000 луѓе.
Во овој момент, демонстрантите веќе пристигнаа пред Собранието на Република Македонија. Тие ги извикуваат познатите пароли: „Нема правда, нема мир“, „Оставка“…
[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=HCmp5MJhB74&feature=youtu.be[/youtube]
Колоната демонстранти е растегната од Собранието на РМ до раскрсницата кај СЈО.
На неколку метри од Триумфалната капија е поставен кордон од оклопни возила и специјалци под полна опрема кои што не им дозволуваат пристап на демонстрантите до Собранието.