Над 70 граѓански организации ќе формираат мрежа за финансиска одржливост во рамки на проектот „Промени за одржливост“ којшто е финансиран од Европската унија.
Финансиската одржливост се смета како најголем предизвик на граѓанските организации и промената на законите од оваа област се очекува да придонесе за градење поволна средина за ваквата одржливост.
Мрежата ќе застапува поволни промени и законски измени во даночниот третман на граѓанските организации, даночните олеснувања за донации и спонзорства и поврзување со статусот на организации од јавен интерес, сметководствениот систем за непрофитни организации, како и статусот на овие организации како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување.
На настанот ќе бидат презентирани и заклучоците од првата анализа на Законот за сметководство за непрофитни организации изработена од Центарот за даночна политика.
Проектот „Промени за одржливост“, е спроведуван од „Конект“ во партнерство со фондацијата „Аполонија“ и Центарот за даночна политика.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини