Да се слушнат граѓаните, да има поголема организираност за да не се остава сомнеж за злоупотреби, да не се злоупотребуваат функциите со цел промоција на свои кандидати, изјави меѓу другото проф. Мирјана Најчевска во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.
ЦИВИЛ МЕДИА: Која е вашата оценка за текот на изборниот процес на Локалните избори, во целина?
Најчевска: Изборниот процес патеше од сите болести на претходните изборни процеси. Злоупотреба на функциите во државата со цел промоција на сопствените кандидати, огромни буџетски средства подарени на политичките партии за нивно рекламирање, нееднаков однос на медиумите кон различни партии и негативна кампања.
ЦИВИЛ МЕДИА: Каква е вашата оценка за текот на изборниот процес во првиот круг?
Најчевска: Многу малку добри, аргументирани и содржајни дебати, неорганизираност која остава сомнеж за злоупотреби, и насилство за кое мислевме дека одамна сме го надминале
ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за политичките учесници во изборите, во вториот круг?
Најчевска: Да ги слушнат граѓаните, да го задржат достоинството, и да кажат што и како нудат, меѓутоа и со кои проблеми очекуваат да се судрат во остварување на ветеното.