„Мислам дека Шарената револуција го акомулираше сето граѓанско незадоволство од несоодветниот развој на демократијата и владеењето на правото и посебно заштитата на човековите права… Шарената револуција беше обединување на многу различни луѓе, на луѓе со различни идеологии, со различни видувања на светот, дури и со различни цели заради кои што влегле во Шарената револуција, меѓутоа кои што сметаа дека можат да настапат заедно во рушење на режимот кој што ја уништува различноста“, вели професорката Мирјана Најчевска на настанот на ЦИВИЛ по повод одбележување пет години од Шарената револуција.
„Идејата на Шарената револуција не беше да се промовира еден концепт, една идеја, една идологија. Не. Работата беше да се сруши режимот кој што не дозволуваше различни концепти, идеологии, различни видувања на сегашноста и иднината и на сè што претставува заедништво во државата. И да, целите на Шарената револуција се остврени, бидејќи целта беше да се создадат услови во коишто ќе може да постои различноста“, додаде Најчевска.
„Дури и оваа власт што сега ја имаме не ја разбра потребата од постоењето на таков симбол, прво како нешто што секогаш ќе им дава сила на граѓаните да се спортивстават тогаш кога државата работи против нивните интереси и второ што ќе ја потсетува секоја власт дека е таму поставена од граѓаните и дека треба да работи за граѓаните и дека во секој момент може тие исти граѓани да се соберат и да се спротивстават на несоодветноот делување на таа власт“, истакна професорката.
монтажа: Ариан Мехмети