• Latest

Нашите врати се отворени и има доволно баклава за сите

June 15, 2018

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нашите врати се отворени и има доволно баклава за сите

June 15, 2018 09:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа триесетте денови пост од месецот Рамазан. Постот не е режим на исхрана, или диета, или натпревар за најдобар ифтар/вечера. Постот е посебна состојба на умот и телото која ги изострува сетилата, ги промовира добрите мисли и дела а ги забранува лошите. Со постот согледуваме работи кои вообичаено не ги забележуваме. Со постот ги забележуваме и совладуваме физичките препреки на нашето интелектуално делување, на нашето духовно воздигнување. Со постот ја гледаме цврстината на нашиот карактер, истрајноста на нашите намери и издржливоста на нашите умови и тела. Со постот повеќе го цениме нашето здравје, посебно оние кои здравствено не го издржале или биле спречени да постат. Со постот повеќе ги цениме водата, храната и благодатта во која живееме, но и повеќе ги разбираме жедните и гладните, преку што нашите емпатија и солидарност стануваат поголеми. Постот нè зближува преку зедничките вечери со нашите семејства, соседи, пријатели и колеги.

Пишува: Јасмин Реџепи

Постот е и воздржување од лоши мисли, зборови и дела. Целта на тоа е да се исчисти срцето на верникот од злоба, љубомора, завист и сè друго што нè прави нелуѓе.

На крајот од постот и молитвите секој од нас се споредува со себе си од минатите години, колку напредувал или колку заостанал во својот психо-физички, интелектуален и духовен развој.

Денес е Бајрам, празник за муслиманите, посебно за оние кои доследно го поминаа месецот Рамазан во пост и молитва. А во име на мултикултурализмот, празник е или неработен ден за сите граѓани, посебно за оние кои не извикуваа смрт за сограѓаните пред Собранието и на социјалните мрежи, туку им пружаа зборови на заштита, поддршка и надеж, кои со бел образ ќе им честитаат на соседите и без срам ќе вкусат од нивната баклава. Но и за тие другите, од пред Собрание, кои дождот ги трезни од омразата и национализмот, кои на пат за продолжениот викенд кон Солун со срам ќе пишат СМС: “Среќен празник комшија/колега, за многу години.” Празник е и за оние што одобрија да се казни училиште од провинција за една вечера, наместо да инвестираат во истото.

Нашите врати се отворени и има доволно баклава за сите, уште повеќе за покајниците, зашто тоа ни е традицијата која со векови нè обединувала и од која е погубно да се бега.

Честит Бајрам на тие што слават и мирен продолжен викенд за останатите!

Tags: БајраммирМултикултурапостРамазансолидарност
Share330TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ